Стил

Лила во најубавиот костим за капење што сме ја виделе – модел што секоја дама треба да го има во плакарите

Лила Филиповска во ова издание изгледа божествено, летната сезона може да започне

Водителката реши да ги наполни своите батерии

Иако летото се уште не е почнато, нашата позната водителка Лила Филиповска веќе ужива за „сите пари“ во убавото време.

Таа реши да се опути и да ги наполни своите батерии, па отпатува на една од омилените дестинации на Македонците.

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Имено, таа веќе неколку дена ужива во Турција, во еден од најубавите хотели во Бодрум, од каде редовно објавува фотографии.

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

И откако се пофали со изгледот на хотелот во кој престојува и го покажа луксузот со кој е опкружена, Лила го облече својот омилен костим за капење и направи фотографии за паметење.

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Таа за оваа пригода избра едноделен модел со црно-бели линии со кој максимално го истакна своето раскошно тело.

„Јас не можам да живеам поинаку освен по срцето, кој сака нека игра по правила“, напиша Лила под своите најнови фотографии на кои изгледа како на разгледница.

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Ведра и расположена, водителката покажа како ужива покрај базенот, па следуваа бројни коментари дека изгледа беспрекорно.

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Но покај тоа што изгледаше феноменално во ова издание, не можеше да остане незабележан и костимот за капење што го носеше.

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Едноделните модели оваа сезона се враќаат на голема врата, а гледаме дека и нашата позната водителка ги обожава.

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Овој пат таа носеше црно-бел модел, една од омилените комбинации на бои на многу познати светски дизајнери.

Имено, едноделните модели се одличен избор за секоја жена, без разлика на тоа за каков тип на тело станува збор, а со ваквите минималистички варијанти, со црно-бели детали, едноставно не можете да згрешите.

Модел со впечатлив детаљ

Покрај тоа што можат да го сокријат секој недостаток, тие визуелно го стеснуваат телото и прават да изгледате уште поубаво.

Marks & Spencer

Токму затоа и веќе со децении важат за еден од омилените модели на многу познати светски дами и тренд кој не излегува од мода.

Marks & Spencer

Во продолжение погледнете неколку вакви костими за капење кои се одличен избор за дами што не сакаат модели што „врескаат“, но и во кои што ќе се чувствувате како божица на плажите.

Asos

LK Bennett

My Theresa

River Island

Amazon

Pour Moi

Ted Baker

Boden

Marks & Spencer

Маркетинг

Поврзано

Back to top button