Реклама
Наши ѕвезди

Лидија Кочовска и го честиташе роденденот на својата ПОЧИНАТА МАЈКА: „Многу ми недостигаш…“

Пејачката се присети на покојната мајка, па напиша порака и објави фотографија со кои сите ги разнежни...

Реклама

Познатата пејачка сподели стара фотографија од својата мајка

Мајката на Лидија Кочовска, Невена Кочовска, почина пред две години, во својата 81 годишна возраст.

Да беше жива Невена денес ќе наполнеше 83 години, па по тој повод нејзината ќерка објави нејзина црно-бела фотографија.

Маркетинг

Лидија фотографијата ја објави на својот профил на Инстаграм, а на неа нејзината мајка е на млади години.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Лидија Кочовска

„Среќен роденден во рајот, мамо, многу ми недостигаш“, напиша Лидија, а оваа нејзина објава никого не остави рамнодушен.

Принтскрин/ Јутјуб

Потсетуваме, Невена заедно со својот сопруг Панче Кочовски долги години беше дел од популарниот ансамбл „Мањифико“.

Фото: Фејсбук/ Тања Кочовска

Невена и Панче (Пантелеј) со овој ансамбл стекнаа светска популарност изведувајќи латино-американски песни и одржаа повеќе од 3700 концерти во над 30 земи од светот.

Тие заедно со овој бенд настапуваа и пред Јосип Броз Тито и неговата сопруга Јованка Броз, а познати се и по тоа што направија преку 40-на хуманитарни концерти по земјотресот во Скопје.

Принтскрин/ Јутјуб

Невена пред да почине боледуваше од Алцхајмерова болест, а нејзина ќерка е и познатата актерка и пејачка Тања Кочовска.

Фото: Фејсбук/ Тања Кочовска

Основач на „Мањифико“ беше Пантелеј Кочовски Панче, сопругот на Невена и таткото на Лидија и Тања. Тие сите заедно последен пат настапија во февруари 2017, кога со изведбата на мексиканската песна Мама Хуанита беше одбележано признанието Златна Буба Мара за животното дело на ансамблот Мањифико.

Бонус видео

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button