Лекар од интензивна нега открива како едно лице заразува 59.000 лица со коронавирус, ова е најгледаното ВИДЕО среде епидемијата

Научниците досега веќе се обидоа што попрецизно да ги објаснат клучните разлики меѓу грипот и коронавирусот, но сега еден лекар од Одделението за интензивна нега го објасни и сликовито ги опиша вистинските разлики.

Коронавирусот е многу позаразен отколку што мислиме.

„Ако добијам „нормален“ грип, ќе заразам просечно 1,3 или 1,4 луѓе. Лицата кои добиле од мене грип, ќе пренесат на други итн. Кога тоа ќе се случи 10 пати, ќе бидам одговорен за 14 случаи на грип. Коронавирусот е многу заразен па секое лице го префрла на 3 други. Тоа сега не делува како голема разлика, но ако се продолжи да се пренесува од лице на лице, може за кратко да биде одговорен за зараза на 59.000 лица. Повеќето лица ќе се чувствуваат помалку лошо и ќе бидат добро, но заразата ќе ја шират наоколу. Неколку ќе бидат болни и по 10 дена и ќе мора да одат во болница. Додека се во болница, ќе трошат ресурси и време, а луѓе ќе се грижат за нив. Ако дојдат на интензивна нега, ако се критично болни, тука животот или се спасува или не“, објаснува д-р Хју Монтгомери, на Твитер, а снимката со рекордна брзина стана вирална.

ADVERTISEMENT

Докторот ја искористи можноста уште еднаш да ги предупреди сите луѓе:

„Ве молам, само сетете се, најдобра можност за луѓето што ќе се разболат може да им дадеме со доволно ресурси – ако имаме доволно кревети, доволно персонал и опрема и да можеме да бидеме тука за нив. Ако сте неодговорни и мислите дека вам не ви пречи грипот, сетете се дека не станува збор за вас туку за сите други“, заклучи експертот.

Неговото обраќање на Твитер е прегледано речиси 14 милиони пати, а го споделија над 30.000 корисници.

Facebook Comments
(Visited 487 times, 1 visits today)
Loading...