Купил брокули, а кога подобро погледал, имал што да види во нив, го загубил апетитот

Англичанецот Сем Далстон во една продавница во Велика Британија си купил брокули со намера да си подготви со нив здрав оброк, но не се надевал дека во нив ќе пронајде нешто од што ќе му се слоши.

Кога стигнал дома, забележал дека внатре во брокулите има мали гасеници.

– Едната ја задржав и ѝ дадов име. Навистина добро се однесува, напиша тој на Твитер.

– Ако ве интересира ја крстивме Кедрик. Мислиме дека е од Шпанија, зошто од таму потекнува брокулата што ја купивме, додаде тој.

За да биде целата ситуација уште посмешна, Сем набрзо на Твитер објави дека гасеницата нашол и во новата брокула која ја купил. Од гасеницата набрзо излегла пеперутка, а момчето признава дека почнал да се грижи, за дури пет гасеници кои ги нашол во зеленчукот и дека на сите им дал име.

– Освен за Кедрик, сега се грижам и за Џејн, Слим Ерик, Брок, Оли, Крок и Карлос“, рече тој.

Facebook Comments
(Visited 10 times, 1 visits today)