Кумашинката на Зоран Заев откако се фотографираше со министерот за земјоделие, го подигна здолништето и го запали Инстаграм

И на министерот не му е лесно

Познатата блогерка од Струмица, Љупка Митрова (31) на својот профил на Инстаграм објави фотографија на која позира заедно со Министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

ADVERTISEMENT

Македонската делегација, на чело со младиот министер е во тридневна официјална посета на Република Чешка, во рамките на која заедно со уште пет македонски компании од агросекторот, присуствуваа и на Националниот саем за сточарство што се одржува во градот Брно.

 

Кумашинката на Зоран Заев објави фотографија на која позира во впечатлив зелен костум под кој носеше црна маица и црни високи потпетици, додека во рацете држи мала чантичка од Луј Витон и црн кожен мантил. Таа позира гушната со младиот министер, а нивната фотографија предизвика големо внимание на социјалните мрежи.

Но уште поголемо внимание предизвика она што Љупка го сподели еден ден потоа. Имено во прашање е фотографија на која позира во комбинација од која боли глава – бело здолниште со длабок шлиц кое Љупка го подигна така што во преден план „блеснаа“ нејзините витки нозе. Таа овој дел од телото дополнително го истакна со елегантните, црни сандали со тенки високи потпетици.

„After work party“, напиша згодната Љупка на нејзиниот профил на Инстаграм под фотографијата која за само неколку часа имаше неколку илјади лајкови.

Инаку, откако дел од медиумите објавија дека Љупка е замината во Чешка како дел од тимот на министерот , блогерката на социјалните мрежи сподели информацијата дека е замината заедно со својот татко, Горан Митров, сопственикот на Земјоделско сточарскиот комбинат Сушица. Тие се приватно заминати на ова патување, на свој сопствен трошок, пишува во информацијата што ја сподели Љупка во своите стори приказни, на саем на кој се присутни и претставници на повеќе македонски компании, а кој го договори Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство.

Погледнете уште неколку фотографии од оваа убава млада дама мајка на две деца.

View this post on Instagram

It’s a short life do whatever the f u wanna do !!! x

A post shared by Ljupka Mitrova (@ljupka_mitrova) on

 

 

 

 

 

 

 

Facebook Comments
(Visited 3.666 times, 2 visits today)