Кумашинката на Заев изгледа занесно дури и во овие „панталони“

Да, знаеме дека повеќето од вас тренерки носат само кога одат на јога, аеробик или до продавница, но имаме новина за вас – долниот дел тренерки сега можете да ги носите и на дејт, работа, кога одите на кафе со пријателките, додека се шетате, на шопинг – односно речиси во секоја пригода…

Фото: Инстаграм/ Љупка Митрова

Скинатите фармерки се во мода веќе неколку сезони, но во последно време се почесто можеме да видиме како познатите трендсетерки носат и скинати тренерки.

Во прашање е тренд кој веќе некое време е популарен во светските метрополи, но и во Македонија како што можеме да видиме и од следната фотографија на Љупка Митрова. Во прашање е блогерка од Струмица која деновиве се најде во центарот на вниманието откако објави заедничка фотографија со министерот за земјоделие, Љупчо Николовски.

ADVERTISEMENT

Познатата блогерка редовно објавува фотографии на социјалните мрежи каде што важи за една од најпопуларните девојки од Македонија. Таа само на нејзиниот профил на Инстаграм има преку 100 илјади следбеници, а неодамна на оваа популарна социјална мрежа позираше во модно издание кое никого не остави рамнодушен.

Фото: Инстаграм/ Љупка Митрова

Имено, таа носи скинати тренерки во комбинација со екстравагантни сандали со тенки високи потпетици, „кроп топ“ и бело сако, а целото издание го заокружи со децентна шминка и коса префрлена преку едното раме.

Па, доколку сте расположени за гламур сега тоа можете да го направите и со еден ваков тип на тренерки.

Што велите за овој тренд?

Facebook Comments
(Visited 1.192 times, 1 visits today)