Кумановката Ивона со својата трасформација ШОКИРАШЕ многумина, а сега покажа дека го „има сиот свет во рацете“
Македонската пејачка која во последно време се поактивна на социјалните мрежи го покажа своето семејство.
Младата и атрактивна поп пејачка Ивона Јовановиќ направи драстична промена, па речиси и да нема ден а да не се пофали со новата фигура на социјалните мрежи.
Освен што од ден на ден изгледа се поубаво, се чини дека е и се поангажирана и секојдневно е на некоја свирка или настап во клубовите низ земјава.
Младата пејачка од Куманово, Ивона Јовановиќ, попозната како Ивона Јо, која се прослави со учеството во музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“ во последните неколку месеци изгуби преку 40 килограми.
Таа до овој фантастичен резултат дојде по опеpaцијата на желyдникот што во текот на месец август ја направи во Турција.
Насмеана и помотивирана од кога било, Ивона сега покажа од кого ја наследила убавината, но и кое е нејзиното вистинско богатство.
Имено на Инстаграм таа сподели фотографии од нејзиното семејство, родителите и братот на кои се гордее и се нејзина најголема поддршка.
-Благодарна за тоа што имам свет во раце-напиша Ивона, па во коментари веднаш започна дискусија на кого личи повеќе на мама или на тато.
Дека Ивона и нејзиниот брат многу наликуваат еден на друг е повеќе од очигледно, но многумина рекоа дека и двајцата личат повеќе на нивниот татко.
Сепак дали е така или не погледнете и самите, па пресудете.
Инаку Ивона испадна пред самиот крај од музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Таму исто таа доби критики на сметка на нејзината тежина од страна на Јелена Карлеуша, која беше член на жирито.
По испаѓањето, Ивона се огласи на социјалните мрежи и кажа дека повеќе никогаш нема да се врати на таа сцена.