Кула што ги вшмукува ПМ10 честичките од воздухот и потоа од нив прават накит

Генијално!

Холандската компанија „Studio Roosegaarde“ предводена од својот основач Дан Росегард започна низа урбани иновации кои спојуваат уметности и модерна технологија со цел создавање урбана и чиста околина.

ADVERTISEMENT

Една од нивните иновации е и „Smog Free Tower“, првиот вакумски чистач на смог кој најпрво беше исталиран во Холандија.

По првичната инсталација во Ротердам и Амстердам, вакумскиот чистач на смог на светот во облик на кула беше поставен и во Пекинг 2016, па и во Полска. Проектот за изработка на „Smog Free Tower го започна холандската компанија „Studio Roosegaarde“ предводена од дизајнерот и иноваторот Дан Росегард, а неговата цел е создавање почист воздух во урбаните средини.

Висината на кулата е 7 метри, а дебелината 3.5 метри. Кулата ги привлекува и впива штетните честички, а назад враќа чист зрак. Собраните честички кои остануваат по прочистување н зракот се користат за изработка на накит.

Висока ефикасност

Кулата може да зафати 70 отсто ПМ10 честички и до 50 отсто ПМ2.5 честички. Преку испитување е утврдено дека кулата троши помалку струја од бојлер за вода, а по инсталацијата во Пекинг, кулата исчисти 30 милиони кубни метри за месец и половина, што е десет пати поголем волумен од Националниот стадион во Пекинг чиј капаците е 80.000 гледачи.

Во Полска беше поставен во Краков, во близина на Музејот на современа уметност, каде се одржа и изложба на накит направен од честичките.

Facebook Comments
(Visited 7 times, 7 visits today)
Loading...