Круната на Исус Христос и величествените витражи го преживееја страшниот пожар во Нотр Дам

Величествениот витраж е спасен

Во катедралата Нотр Дам во Париз се наоѓаат илјадници уметнички дела, артефакти и Христијански реликвии собрани и изработени најмалку во последните седум века. И додека катедралата стравично гореше во попладневните часови во понеделникот, и додека пожарникарите макотрпно се обидуваа да го изгаснат пожарот, многумина стравуваа дека ова благо би можело да биде засекогаш изгубено.

ADVERTISEMENT

Но за среќа тоа не се случи

Голем дел од скапоценото благо што се чува во катедралата го преживеа пожарот, како и самата камена конструкција на црквата, вклучувајќи ги и двете камбанарии кои беа највисоки зданија во Париз се до изработка на Ајфеловата кула во 19 век. Камбанаријата што се наоѓа на северната страна е изработена во 1249 година, а на јужната 1250.

 

Преживеа и фасадата како и главното ѕвоно кое е наречено Емануела. Ова ѕвоно од јужната камбана ѕвонеше во клучните моменти во француската историја, како што е крајот на Втората светска војна, како и на верските празници и други посебни пригоди, пишува Си-Ен-Ен.

Кога се појави пожарот посебно се стравуваше да не настрада величествениот витраж над трите главни портала на катедралата.

 

 

Овие три розети направени се уште во 13 век, речиси еден век по почетокот на градбата на катедралата. Во врска со тоа се огласи и професорката по средновековна и ренесансна книжевност, др- Ана Марија Д’Арси која на Твитер напиша дека речиси целото оригинално стакларско дело од 13 век останал недопрен и го преживеал пожарот.

Спасени се и големите оргули

Пожарот го преживееја и големите оргули кои го претставуваат еден од најимпозантните инструменти на светот и кои исто така датираат од средниот век. Произведувачите на оргули ги реновираа овие оргули со текот на годините, но средновековните цевки се сочувани до денес, а парискиот надбискуп потврди дека и оргулите се сигурни.

 

Покрај оргулите, спасен е и венецот од трње кој катедралата го опишува како најскапоценa и најважна реликвија. За оваа круна од трње се тврди дека му била ставена на главата на Исус пред да биде распнат на крстот, а од запалената катедрала ја изнел свештеникот Жан-Марк Форниер.

Facebook Comments
(Visited 73 times, 1 visits today)