Кристина Димитриевска имаше причина за славење- Објавените фотографии ќе ви ги СТОПАТ срцата
Синот на убавата манекенка и познатиот македонски пејач славеше роденден.
Манекенката во последно време е доста активна, па почна да работи и на својата музичка кариера, па се почесто настапува по скопските дискотеки.
Но и покрај тоа што има исполнет распоред Кристина Димитриевска секогаш успева да најде време за својот син, а сега двајцата имаа посебна причина за славење.
Причината не е која било, туку роденденот на Давид. Давид наполни 5 години и доби незаборавна роденденска забава која ја организираше неговата мама.
Балони, конфети и роденденска торта со знакот на мерцедес беа само некои од деталите кои Кристина ги покажа од роденденската забава.
Двајцата беа облечени во идентични комбинации, а мама Кристина едноставно блескаше.
Тука беше и нејзиниот брат, односно вујкото на Давид за кој Кристина напиша „Еден е вујче“.
Она што падна во очи е дека и годинава Даниел Кајмакоски не стигна на роденденска забава на својот син, односно немаше објавено фотографии дека присуствувал на забавата.
Инаку Даниел и Кристина важеа за складен пар.
Нивната љубов уште од самиот почеток беше изложена во јавноста, а папараците го следеа секој нивен чекор. Иако Кристина е 13 години помлада од пејачот, разликата во годините никогаш не беше проблем во нивната врска.
Во 2016 година парот одлучи да ја круниса својата врска со брак. Плод на нивната љубов е нивниот син Давид.
Веста за нивното разделување одекна во јавноста и предизвика големо разочарување кај нивните фанови. Нивната љубов заврши и секој од нив одлучи да тргне по својот пат.