КРАЛИЦА ДО КРАЈ: Еве кому Есма Реџепова му го остави богатството – содржината на тестаментот ќе ве раплаче

Таа е една и единствена, кралица на ромската музика, пејчката која вечно ќе живее во срцата на публиката со својата песна.

Есма Реџепова овој свет го напушти на 11 декември 2016 година. Легендарната пејачка овој сет го напушти на 73-годишна возраст.

Есма Реџепова Теодосиевска е родена на 8 август 1943 година во Скопје. Потекнува од сиромашно семејство и уште од мали нозе била принудена да преземе работни обврски.

Му помагала на својот татко, кој работел како чистач на чевли, а добивала и некој денар за тоа што чекала во ред за да им купи млеко на поимотните скопјанки.

Пресврт во животот доживеала по запознавањето на Стево Теодосиевски, кој кај неа препознал голем талент за пеење и ја поканил да се приклучи во неговиот ансамбл. Она што започнало како музичко партнерство, подоцна прераснало и во брачна заедница. Есма и Стево беа во брак речиси 30 години, односно до неговата cм-рт во 1997 година.

Уште како девојче сонувала да биде пејачка. Сонот ѝ се остварил, а подоцна била крунисана за кралица на ромската музика, позната и ценета во целиот вет. Пеела пред виоки државници – Тито, Гадафи, Садам Хуеин, Индира Ганди…Го прошетала целиот свет и тоа неколку пати, а нејзините концерти секогаш беа со преполни сами. Можеше да живее во било која престолнина, но секогаш се враќаше дома, во нејзиното родно Скопје.

Есма во живот ја држеше музиката и нејзините 48 деца.

По нејзиното заминување од овој свет зад себе остави многу работи по кои луѓето ќе ја паметат.
И покрај големите успеси, Есма никогаш не заборави каков е животот во сиромаштија, па непрекинато нижеше хуманитарни мисии за кои ѝ беа врачени огромен број награди и признанија.

По нејзината cmpт беше отворен и нејзиниот тестамент во кој стои дека целиот свој имот го остава на Македонија.
„Со години зборуваше дека сака својот дом на култура и хуманост да го остави на Македонија, а тоа ветување го исполни.

Во тестаментот на Есма јасно стои дека целиот имот го подарува на државата. Есма многу ја сакаше Македонија. И Македонија ја сакаше Есма. Секаде по светот, во сите интервјуа ја споменуваше Македонија. Во рцето ја носеше македонската песна, душа и мисла. Затоа Есма својот имт о подари на Македонија“, изјави Зорана Костовска, најблиската соработничка на Есма.

ФОТО: Принтскрин

Како да претчувствувала дека се доближува крајот, Есма кон средината на јуни почнала да пишува тестамент. Уште тогаш рела дека сиот свој имот, односно нејзината куќа во која е сместен Музејот и Домот на хуманоста и уметноста „Стево и Есма Теодосиевски“ во Скопје преку тестаментот ќе ги остави на Македонија.

Музејот кој беше и дом на Есма има 750 квадратни метри и двор околу 1.300 квадрати.

ФОТО: Принтскрин

„За изградба на Музејот досега потрошив околу милион евра. Работам од мојата осма година и сѐ што имам, па и Музејот, е направено со мој труд. Музејот ќе сведочи за мене и тево, за нашите домашни и светски спомени, награди и признанија“ – говореше некогаш Есма.

Но, ништо од материјалното што таа го остави не се цени и пропаѓа. Нааместо да биде Дом или Музеј на светската хуманост и спомен место кое луѓето ќе го посетуваат кога сакаат и ќе се информираат за животот на нашата легендарна пејача, куќата на Есма Реџепова денеска е постојана мета на грабежи и хулигани.

Состојбата е апсолутно загрижувачка. Се чини дека никој не се сетил куќата во која Есма живееше и гpoбот во кој таа е погpeбана, да ги обезбеди и уреди. Таа тоа не го заслужува.

ФОТО: Принтскрин

Еден од нејзините синови, Симеон Атанасов упати апел до надлежните да не се чека повеќе и конечно да се среди куќата на Кале која Реџепова ѝ ја остави на државата.

„Оваа власт не покажа грам почит кон вашето дело, голем срам“, напиша Атанасов и на социјалните мрежи.

„Неколку години сме заглавени во судски лавиринт и на никого не му е грижа. Додека трае целиот процес, внуците на
Есма однесоа сè што беше вредно, сè што сме работеле толку години го фрлија во вода. Пријавено е во полиција, никој не реагира, едноставно немаат гајле. Исто така, морам да кажам дека истите тие Реџепови го оспоруваат и тестаментот за авторски права во кој јасно стои дека јас сум единствен наследник на сите авторски права.

ФОТО: Симеон Атанасов / Фејсбук

Имавме и средби со надлежните, но сè уште ништо не се презема. Последната средба беше со господинот Алаѓозовски, кој ни вети дека ќе го информира премиерот за целиот процес, но немаме никакви информации. Не знам до кога ќе бидеме во оваа голгота, апелирам до надлежните да бидат пред сè луѓе и да ги испочитуваат последните желби на Есма и Стево“, изјави Атанасов, еден од нејзините синови.

ФОТО: Симеон Атанасов / Фејсбук

Оставени се само голи ѕидови, вели тој и додава дека премногу му е тешко да гледа како пропаѓа сè што тие граделе со години. Атанасов вели дека ако можел, никогаш не би го дозволил тоа.

„Есма никогаш не помисли дека куќата ќе биде во ваква состојба. Сè што сме купувале, секоја ситница од цел свет беше со многу мерак купена. Имаше многу вредни работи, но, за жал, од фотографиите можете да видите на што личи овој вреден објект“, додава Атанасов.

ФОТО: Симеон Атанасов / Фејсбук
ФОТО: Симеон Атанасов / Фејсбук
ФОТО: Симеон Атанасов / Фејсбук
ФОТО: Симеон Атанасов / Фејсбук
ФОТО: Симеон Атанасов / Фејсбук
ФОТО: Симеон Атанасов / Фејсбук
ФОТО: Симеон Атанасов / Фејсбук
ФОТО: Симеон Атанасов / Фејсбук
ФОТО: Симеон Атанасов / Фејсбук

 

(Visited 4.191 times, 1 visits today)