Реклама
Наши ѕвезди

Кралицата на традиционалната македонска музика не воодушеви – „гореше“ Скопје од нејзиниот глас

Пејачка што никого не остави рамнодушен

Реклама

Публиката уживаше во волшебниот глас на пејачката

Нашата млада музичка ѕвезда Зарина Првасевда ја распамети скопската публика со својот музички перформанс во МКЦ.

Пејачката на која вистинското име е Евгенија слободно можеме да ја наречеме и кралица на македонската, но и балканската традиционална музика воопшто, изведена во современ џез ритам, потполно ја воодушеви публиката со волшебните балкански ритмови, звуци и песни. Но покрај добрата песна, оваа талентирана млада дама публиката ја остави без здив и со својот перформанс на сцената.

Маркетинг

Имено, Зарина на сцената се појави во кус сребрен фустан, кој го носеше со робусни чизмички, така што во преден план ги истакна нозете, цело време танцувајќи на моќниот традиционален ритам.

Фото: Гламур

Публиката што беше во првите редови уживаше во нејзиниот глас, но и во преубавиот сценски настап додека пејачката заедно со својот ансамбл атмосферата ја донесе до вистинско лудило.

Фото: Гламур

Инаку, Зарина Првасевда минатиот месец беше прогласена за најдобриот нов талент во Будимпешта, во изборот за европската UPBEAT платформа, поддржана од организацијата „Хангвето“.

Фото: Гламур

Од 10 номинирани кандидати, преку јавно гласање на ниво на Европа, публиката ја избра нашата пејачка која пее македонска, но и светска традиционална музика. Како награда таа доби снимања видео со француската продукција „Ла Блоготек“.

Фото: Гламур

Како Зарина изгледаше на својот последен настап во Скопје, погледнете од фотографиите во продолжение….

Една од нејзините најпознати песни на Јутјуб слушнете ја на крајот од галеријата што следува…

Поврзано

Back to top button