Реклама
Наши ѕвезди

Кој е фраерот од Македонија што ја освои Цеца, но и Балканот?! И која е убавицата со него на јахтата?!

Млад пар што го освојува Балканот

Реклама

Музичарот од Македонија повторно во центарот на вниманието

Шармантниот пејач од Македонија, Дарко Ѓорѓески кој се прослави во шоуто „Ѕвездите на Гранд“, каде беше во тимот на Цеца Ражнатовиќ, деновиве повторно ги израдува своите обожаватели.

Имено, тој заедно со својата колешка Миа Смиљаниќ која исто така беше во тимот на Цеца во споменатото шоу, објави нова песна.

Маркетинг

И ако судиме според коментарите, нивната нова песна „Мами“ може да биде голем летен хит, а и спотот ги воодушеви сите.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Дарко Ѓорѓески

Но ова видео дополнително ги поттикна и шпекулациите околу нивниот однос – уште додека се натпреваруваа во „Ѕвездите на Гранд“ се „шушкаше“ дека има нешто помеѓу нив, но и дека кума на нивната врска наводно била токму Ражнатовиќ, бидејќи и двајцата беа во нејзиниот тим и така се запознале.

Фото: Инстаграм/ Дарко Ѓорѓески

Но младите музичари досега ниту ги потврдија, ниту пак ги демантираа ваквите гласини, а новиот спот дополнително ги зовре страстите.

Принтскрин/ Јутјуб

Имено, тие во него се гушкаат и изгледаат како пар од холивудските филмови, а и коментарите под видеото се вжештија.

Принтскрин/ Јутјуб

Нивниот спот за неполни 24 часа има скоро 100.000 прегледи, а многумина веќе им порачуваа дека ова ќе биде летен хит.

Фото: Инстаграм/ Дарко Ѓорѓески

Инаку, Миа и Дарко досега имаат објавено три заеднички песни кои бројат милионски прегледи, а како што и нивната менторка Цеца во една пригода откри, шармантниот Македонец е и автор на музиката и аранжманот на една од најпознатите песни на Балканот, „Бог и батина“.

Како овој млад музички дует звучи во нивната нова песна, но и како звучат во останатите песни, слушнете во продолжение…

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button