Која е жената што ја донесе короната во Белата куќа, Трамп ја обожава, еве што работи за него

Хоуп Хикс (32) деновиве е главна тема во американскиот печат. Короната влезе и во Белата куќа, а позитивна на тестот токму беше и згодната блиска соработничка на претседателот Доналд Трамп. Сите вработени во Белата куќа се тестирани, а Хоуп стана главна мета на новинарите.

Фото: Alex Wong/Getty Images)

Поранешната манекенка, на свои 28 години е именувана од страна на претседателот Трамп за директор за комуникации на Белата куќа. Таа тогаш го замени Ентони Скарамучи кој е сменет после само 10 дена. Иако нема политичко искуство, Хикс, долга низа години е во блиски врски со семејството Трамп.

Кариерата ја почна во односи со јавност кога еден од клиентите беше и модната компанија на ќерката на Трамп Иванка чии модели и колекции како медол ги носела. Работела и за Ралф Лорен, а се појавувала и на насловните страници на модните списанија.

Фото: Alex Wong/Getty Images)

Таткото и е регионален извршен директор на познатата американски ПР компанија “Ogilvy Public Relations Worldwide”, а од 2010 до 2015. била извршен директор на американската Национална фудбалска лига. Хоуп пораснала во Гринвич во Конектикат, каде завршила средно училиште. Дипломирала англиски јазик во 2010 година, а од тогаш нејзината професионална кариера тргнала буквално со молскавична брзина кон Белата куќа.

Хоуп Хикс – Миленичка на претседателот на САД

Соработката со Иванка Трамп ја довела и до нејзиниот татко кој во 2014 година лично ја избрал да работи маркетинг за неговата кампања со недвижности. Во политиката влегла случајно во 2015 година кога се Трамп отишла на пат, за кој подоцна се утврдило дека бил неговиот прв во рамките на претседателската кампања.

Фото: Zach Gibson/Getty Images)

Потоа помагала во водењето на наговиот Твитер налог, запишувајќи го она што тој сакал да го каже. Потоа тој лично ја замолил да остане во неговиот политички тим што и го прифатила. Во текот на кампањата им отворала врати на новинарите кои сакале интервју со Трамп. Секако, не во буквална смисла. Дневно одговарала на повеќе од 250 прашалници и мејлови, донесувала одлука кои репортери ќе разговараат со него, а кои не.

Во декември 2016 година објавено е дека ќе стане дел од администрацијата на Трамп во сосема нова улога која претседателот ја креирал за неа – директорка за стратешки комуникации во Белата куќа. Само месец дена по именувањето, магазинот Форбс ја смести меѓу „30 под 30“ зошто беше единствена жена која раководела со историската претседателска кампања на Трамп.

Фото: Chip Somodevilla/Getty Images)

Често со големо почитување и гордост говори за својот шеф. Дури некои веќе говорат дека се однесува како вљубена тинејџерка. А дека меѓу Трамп и Хоуп има некоја хемија, многумина насетија поради неговиот посебен однос кон оваа млада дама. Имено, неретко, ја вика нагалено, што звучи како да се обраќа кон домашно милениче.

Така ја нарекува „Хопи“ или „Хоупстер“ и нив ги користи кога и се обраќа и пред останатите вработени во Белата куќа. Други тврдат дека кон неа е многу внимателен, дури повеќе отколку кон Меланија. Хоуп не се одвојува од Трамп ниту миг. Неговите кабинети се еден до друг, а заедно одат и на службени патувања, каде таа го следи во чекор.

Фото: Drew Angerer/Getty Images)

Инаку, шест години се забавувала со шефот на кампањата на Трамп, а кога е именувана за шефица на кабинетот во Белата куќа веднаш ја прекина таа врска, поради како што рече, бројните обврски. Нејзината горда мајка Кеј Ен, ѝ препорача еден ден да напише книга за своето искуство со Доналд Трамп, на што ќерката само одговори: „Никогаш не се знае!“

(Visited 180 times, 1 visits today)