Пред нас се најтоплите летни денови и годишните одмори кога високите температури најрадо ќе ги минуваме покрај базен или на море.
Многумина од нас веќе испланирале каде ќе отпатуваат за ова лето, некои веќе тоа и го направија, а за максимално уживање во топлите летни денови секогаш ни се потребни и костими за капење. И тоа освен како задолжителен дел од летната гардероба можеме да ги носиме и кога сме далеку од плажа, или пак на пат кон неа.
Што се однесува до трендовите меѓи најпопуларните модели оваа летна сезона се оние со едноставни и класични кроеви, потоа едноставните линии кои можеме да ги „фураме“ со тексас шорц или кратко здолниште од текас, но и со поелегантни здолништа со средна должина за шик вечерно издание.
Црната боја на многумина ќе им биде омилена, но ефектен изглед можете да најдете во „ретро“ моделите во црвена како и оние кои се украдени со точки.
Покрај едноделните модели во улога на боди можете да носите и тренди дводелни костими за капење кои можат да ви ги заменат блузите со прерамки – од оние со пругасти дезени (еднобојни или шарени) кои одлично изгледаат со кратки панталони до неодоливите модели кои се одличен зачин за под проѕирни и прозрачни летни кошули.
Во продолжение погледнете неколку одлични идеи и костими за капење што можете да ги „фурате“ на овој начин.