Косовскиот премиер со сопругата на гости кај Зоран и Зорица Заеви – погледнете како беа облечени дамите за оваа пригода
Косовскиот премиер со сопругата беше на приватна посета во домот на Зоран и Зорица Заеви.
Харидинај на својата Фејсбук страница објави фотографија под која напиша дека заедно со сопругата Анита биле гости на нашиот премиер и неговата сопруга и дека имале пријателски разговор за добрососедство и заеднички евроантлански перспективи на двете земји.
Зорица за оваа пригода носеше комбинезон со риги во боја на праска, додека целото издание го „подигна“ со нејзината шик фризура. Таа веќе со години не ја менува црната боја на косата, а црвениот кармин и е заштитен знак. Мошне пријатно не изненади и „машкото“ издание на сопругата на Харадинај, Анита Муцај, особено интересниот дезен на костумот и маицата што ја носеше под блејзерот.
Имено, нејзиното тренди издание не натера да „погугламе“ малку и да побараме дополнителни информации за неа, нејзиниот приватен живот и посебно начинот на облекување. Во прашање е втора жена на косовскиот премиер, мајка на три деца и новинарка по професија која редовно објавува фотографии на социјалните мрежи од кои може да се види дека е во тек со трендовите.