Косовска дизајнерка за чии гламурозни фустани зборува цела Европа – Македонките ги обожаваат нејзините раскошни креации!

Една од најдобрите дизајнерки во регионот…

Погледнете ја прекрасната нова колекција фустани на косовската дизајнерка Фјола Нила. Истата изобилува со креации кои се рачно изработени и во кои секоја дама ќе се почувствува посакувано и неодоливо.

Фјола која стои зад брендот ФН својата прва модна ревија ќе ја направи во 2018 година во Будва Таа истата година ќе ја оствари и соработката со Ендрит Мертири под името „Haute Couture“ продолжувајќи со колекцијата венчаници и велови. Во 2019 година ќе ја лансира својата осма колекција, а оваа година нејзиното име ќе биде пласирано во сите светски медиуми откако ќе се погрижи за облекувањето и креацијата на Мис на светот Аишварја Раи Бачан.

Следната колекција ќе ја претстави во Рим, па штом ги премина балканските граници нејзиното име почна да предизвикува голем интерес во европските земји.

Нејзината последна колекција висока мода се вика „Маргот“ и е креирана за дами што сакаат да блескаат.

 

(Visited 5.671 times, 1 visits today)