Коронавирусот има клучен симптом кој дури сега е откриен, внимавајте на ова

Лицата кои отежнато говорат можеби имаат коронавирус, предупредуваат експертите. Вообичаени симптоми за болеста Ковид-19 вклучуваат упорно кашлање и треска, но одредени луѓе покажуваат и други знаци на инфекција.

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека губењето на говорот кај пациентите кои боледуваат од коронавирус може да биде следува и недостаток на движење, па пациените кога ќе ги почувствуваат овие симптоми мора да ја повикаат итната служба.

– Многу луѓе кои се заразени од коронавирус ќе доживеат благи до умерени симптоми на респираторни болести и ќе се опорават без посебен медицински третман. Сериозни симптоми се отежнато дишење или краток здив, болка или притисок во градите, невролошки проблеми (губење на координацијата на мускулните движења и неразбирлив говор) – истакнуваат експерти на СЗО.

Луѓето кои го победија коронавирусот често не можат да говорат поради притисокот кој вирусот го врши врз белите дробови. Исто така остануваат без здив, како да не се во состојба да зборуваат воопшто.

Одредени пациенти велат дека не можеле да состават реченица пред да бидат примени во болница каде се лечени од вирусот.

Губењето или нарушувањето на говорот можат исто така да бидат симптоми на други медицински и психолошки болести и важно е да се препознаат пред посетата на лекар.

Други истражувања откриле дека капките од говорот кај асимптоматските случаи можат да ја пренесат болеста. Научниците утврдија со помош на УВ светло дека при говор може да се емитуваат илјадници вирус честички во само една секунда.

Се поголемиот број научни студии го свртува вниманието на улогата на устата во ширењето на вирусот. Експертите открија дека течноста за плакнење би можела да не заштити од инфекцијата Ковид-19 така што нејзините состојки го уништуваат вирусот пред да ги инфицира човечките келии.

Состојките кои се наоѓаат во повеќето од овие производи го уништуваат надворешниот слој или „обвивката“ на вирусот, и така спречува негово размножување во устата и грлото.

Facebook Comments
(Visited 2.559 times, 1 visits today)