„Користете ја шминката како алатка која ќе ја надополни вашата самодоверба“

Млад, талентиран и успешен мејкап артист кој повеќе од 10 години ги разубавува дамите од естрадата. Даниел Николовски има соработувано со голем број на познати личности како од домашната така и од балканската естрада. Кои се актулените мејкап трендови, каде грешат дамите кога се шминкаат, но и како треба да изгледа дневната шминка прочитајте од интервјуто во продолжение

Каква треба да биде дневната шминка?

Дневната шминка треба да е секогаш свежа и корективна под што се подразбира само прикривање на недостатоците како на пример нееднаков тен или пак подочници во комбинација со свежо руменило на јагодици и усни како би добиле еден здрав и свеж изглед а не премногу упадлив кога ке дојдеме во контакт со дневната светлина која никако не ни дозволува груба и јака шминка .

Што мора да користи секоја жена?

Пред се жената треба да посвети повеќе внимание на негата на кожата да изгледа кожата мазна и сјајна бидејки дефинитивно во тој случај ќе може многу поедноставно и поубаво да се нанесе самата шминка према потребата на самиот облик на лице и према типот на кожа кој го има, а тоа би било во многу помала количина а да изгледа ефективно и убаво , накратко тоа е како темел на куќа доколку немаме добра подлога не можеме да имаме и долготраен и убав ефект.

ADVERTISEMENT

Кои се актуелните мејкап трендови?

Веќе години наназад шминката е една креативна игра на контурирање која може да го донесе секој несовршен облик близу до тоа што клиентот го има како желба . Со оглед на тоа дека трендовите се една минлива работа јас секогаш ги советуваам моите клиенти да ја користат шминката како алатка која ќе ја надополни нивната самодоверба и ќе биде само една повизуелизирана слика на нивниот карактер и во целост ке го надополни нивниот изглед во согласност со пригодата за која се подготвуваат .

Се работи исклучително за талент, или формално се имате образувано за мејкап?

Јас честопати велам дека талентот е 10% а останатите 90% се дефинитивно многу труд и љубов кон работата , едукацијата е секако помагател каде може да се запознаете со правилните чекори на нанесување на шминка и теорија која ќе ве запознае со облиците на лица кои треба естетски да се корегираат со помош на шминка и сето ова е многу важно но сепак ќе кажам дека е многу поважна љубовта кон работата и желбата да гледате среќни лица во овој случај клиентите кои ве одбрале токму вас да се погрижите за нивниот изглед за самиот свечен евент или пригода .

Каде грешат најмногу девојките при изборот на шминка?

Грешки кардинални кога е шминката во прашање не се случуваат често бидејки пак ќе кажам секое око различно гледа а за вкусови е излишно да се коментира. Така што ќе посочам само дека според мене е грешка кога младите девојки кои изгледаат секако преубаво и немаат потреба од тешка и ненаправилно нанесена шминка го прават тоа за денско кафе појавување .

Како е да се соработува со Елена Ристеска?

Елена е дефинитивно една од најубавите девојки на нашето естрадно небо и можам да кажам дека и после десетина години предизвикот е се уште голем бидејки станува збор за преубаво лице и еден храбар уметник кој нема проблем со експериментирање и промени а зошто и би имала кога со право важи за една од најубавите македонки. 🙂

Соработувате со голем број познати личности од кај нас, ви се случило ли некогаш да имате незадоволен клиент?

Искрено се надевам не, барем сум немал непријатна ситуација во овие повеќе од 10 години работа, сегогаш гледам да направам добра консултација со клиентите и да ги задоволам нивните барања максимални и нормално доколу има ситуација да нешто некогаш треба да се корегира, одземе или додаде немам никаков проблем со тоа и се додека не слушнам дека токму тоа и била замислата или дека сме ги надминале очекувањата на самиот клиент јас сум посветено присутен за било каква корекција бидејки задоволен клиент е мојата најголема награда како шминкер .

Која е најлошата критика која ја имате добиено?

Лоша критика не постои според мене секогаш критиката има позитивен исход бидејки доколку е конструктивна може да не направи само подобри од тоа што сме биле до тој момент кога сме ја слушнале така што јас секогаш позитивно ги прифаќам критиките и сум отворен да ги слушнам.

Со кого од светската естрада би сакале да имате соработка?

Мојата инспирација за соработка е самата жена затоа и реално сум артист кој соработува не само со естрадни уметници туку со секој оној кој има интерес и потреба од мојата услуга . Светската сцена е голема инспирација и една можам да кажам страшна енигма за сите нас и се надевам дека еден ден ќе имам прилика да одработам нешто и за таа сцена а би сакал да биде во соработка со Ријана.

Рамислувате ли можеби за интернационална кариера?

Јас искрено се надевам на едно поголемо творење и надвор од границите на балканот во иднина меѓутоа тоа е сепак еден залак кој бара посветеност во иста мера како и кариерата тука која доколку сакам да ја одржувам и да одам во нагорна линија бара многу труд, внимание и посветеност. Во момнетов немам планови за нешто поинтензивни работни ангажмани кои можеби би ми отвориле врата и надвор од балканските земји но млад сум се надевам и тоа ќе ме стигне еден ден .

Оваа година повторно сте дел од тимот за Евровизија, како дојде до соработка со Васил Гарнвалиев?

Васил ми е пријател повеќе од 7-8 години и секогаш со огромно задоволство би работел на секој негов проект бидејки станува збор за еден страшно талентиран млад уметник кои сум сигурен ќе се потруди и да направи вистински спектакл на евровизиската сцена. Јас стискам палци ,верувам во него и од срце му ја посакувам целата среќа .

Животна желба?

Знам дека можеби ќе звучам клише меѓутоа се што посакувам е здравје и среќа како најважна алатка во животот и се додека овие две нешта ги имаме нема цел која не можеме да ја исполниме со труд и љубов. Така што само здравје и среќа и сите желби секако ќе се исполнат.

Како се снаоѓате во кујна?

Многу лошо … искрено кујната ми е дел од домот каде најмалку поминувам време но за среќа околу себе имам луѓе кои одлично се справуваат готвење, а јас како гурман уживам во храната која ке ми ја зготват.

Имате ли посебна музика која ве инспирира?

Јад дефинитивно можам да слушам се што е добро спакувано како музички производ и знае да допре до мене. Не сум ограничен со музички жанр, а последен артист кои и тоа како ме инспирирал во општ поглед кон животот е дефинитивно Billie Eilish.

 

 

Facebook Comments
(Visited 229 times, 1 visits today)
Loading...