Контроверзниот Боки 13 не личи на себе – целиот Балкан во шок поради неговиот очаен изглед

Контроверзниот Бојан Јовановски попознат како Боки 13 се појави на судењето на „Рекет“ кое беше одложено заради неговото лошо здравје, а со својот изглед повторно ги загрижи сите.

Фото: А1Он/ Принтскрин

Од видеото што го објави Телевизија 24 може да се види дека Бојан на судењето цело време молчеше со наведната глава, додека седи покрај адвокатот.

Бојан Јовановски од 20 до 23 декември даваше својот исказ цели 15 часови, а со неговиот изглед кој се уште е загрижувачки ги шокираше сите. Пред да заврши во притворското одделение, тој секогаш беше дотеран и стокмен, но откако му се влоши ситуацијата со здравјето, тој повеќе не личи на себе, пренесуваат поголем број медиуми и од соседството кои ја следат ситуацијата со овој случај во Македонија.

Да потсетиме, Боки беше уапсен на границата со Грција поради обвинение за рекетирање на познати бизнисмени од Македонија. Тој во својата телевизија вработи синот на поранешната обвинителка Катица Јанева, која заедно со него и Зоран Милевски Кичеец е обвинета во овој случај.

Фото: Принтскрин

Според обвинението, Боки, уценувал моќни луѓе од Македонија од кои барал големи суми пари за да не ги компромитира и да не објави приватни снимки од нив на социјалните мрежи. Некои од нив му платиле, но како што вели новинарот и сопственикот на „Плусинфо“, Бранко Героски, во неговото последно интервју за Алфа ТВ, многу бизнисмени се уште не се осмелиле и Рекетот не го пријавиле во полиција.

Фото: Принтскрин

Бранко Героски кој со своите новинарски приказни за Коки, Кики и Фрики го најави целиот случај „Рекет“ во емисијата на Алфа изјави дека не верува дека Боки е главниот организатор и дека тој самиот го осмислил целиот план во врска со невладината, па и неговата телевизија.

Според Геро, зад Боки стојат структури кои доаѓаат од една од „земјите од северот“, и дека Заев требал повеќе да обрати внимание на сериозните предупредувња на српскиот претседател Александар Вучиќ во врска со еден од неговите советници. Целото интервју со него можете да го погледнете во продолжение.

(Visited 6.903 times, 1 visits today)