Конечно добри вести за оние што имаат бугарски пасоши

Бугарите наскоро ќе можат без вида да патуваат во Америка?

По низата лоши вести за бугарските пасоши, од оние дека неколку граѓани од Македонија биле казнети за поднесување лажни документи до обелоденување на големиот скандал со издавањето на пасоши за пари, деновиве се појавија и вести на кои најмногу ќе се радуваат оние што имаат бугарски документи. Имено, по средбата на Бојко Борисов и претседателот на САД, Доналд Трамп, медиумите пренесуваат дека властите во САД ќе го разгледаат барањето за укинување на визите за бугарските државјани.

Ова го најави американскиот претседател Доналд Трамп при гостувањето на бугарскиот премиер Бојко Борисов во Белата куќа во Вашингтон.

ADVERTISEMENT

Претседателот на Бугарија изјави дека е уверен во тоа дека наскоро ќе бидат отстранети визите за Бугарите. Тој го посочи примерот со Канада и истакна дека истиот не создава никакви проблеми, а на овој начин „Tрамп би може да остане во срцата на Бугарите долго време“, изјави Борисов.

Facebook Comments
(Visited 17.708 times, 1 visits today)
Loading...