Колку шолји кафе дневно е добро за срцето?

Конзумацијата на кофеинот е поврзана со помал ризик на заболување од многу болести, вклучувајќи дијабетес тип II, срцеви заболувања и мозочен удар, но не беше јасен кој механизам е зад овој заштитен ефект.


Една нова студија објавена во списанието PLOS Biology покажува дека кофеинот ја подобрува мобилноста на регулаторниот протеин што се врзува за митохондриите.
Четири чаши кафе дневно го штитат срцето од оштетување, покажа новата германска студија.

Тоа докажува дека оваа количина дневен внес на кофеин го подобрува преносот на регулаторните протеини на митохондриите и на тој начин ја зајакнува нивната улога во заштитата на кардиоваскуларните клетки од оштетување.

ADVERTISEMENT

Тим од медицинскиот факултет и истражувачкиот центар IUF Leibblinc во Дизелдорф открил дека заштитниот ефект се постигнува со концентрација на кофеин што одговара на количеството на четири чаши кафе на ден.

Студијата покажала дека протеин p27, познат како инхибитор на клеточниот циклус, е присутен во митохондриите на главните типови на клетки во срцето.
“Нашите истражувања покажуваат дека кофеинот делува како заштитен и обновен на срцевиот мускул со третманот на митохондријалните р27 протеини, вели авторот на студијата Џудит Хендел.

Facebook Comments
(Visited 5.053 times, 1 visits today)