Кои се овие три прекрасни русокоси дами кои уживаат во близина на Наум Петрески? Момент што буди сеќавања на едно друго време

Тој е еден од најдобрите македонски пејачи, неговите песни се знаат напамет, а за неговите концерти се бара билет повеќе.

ФОТО: Наум Петрески / Фејсбук

Наум Петрески е роден во 1966 година во Охрид, а сетството и дел од возрасните години живеел во село Лабуништа, од каде што и потекнува неговото семејство. Со музика се занимава од самото детство. Првиот јавен настап го имал на 7-годишна возраст, како претставник од Македонија на деветтата меѓународна смотра на фолклорни друштва во Загреб. До ден денес Петрески остварил многу успеси на музичко поле и секогаш останал доследен на корените на македонската фолклорна музика.

ФОТО: Наум Петрески / Фејсбук

Настапувал на речиси сите фестивали во Македонија и на голем број во странство, а одржал голем број на концерти ширум светот. Испеал многу антологиски македонски песни, меѓу кои „Филизо, моме Филизо“, „Ајде сонце зајде“, „Зајди, зајди јасно сонце“ и други. Едни од неговите најголеми хитови се: „Жал за Деспина“, „Има ли песна“, „Лазарополе“ и други. Досега објавил 4 албуми, а последниот, со кој го одбележал 25- годишниот јубилеј, го реализирал во 2010 година под наслов „Оди ѕвездо“.

ФОТО: Наум Петрески / Фејсбук

Наум е еден од оние јавни личности кои искрено зборуваат за сѐ, па така тој во емисијата „Еден на еден“ откри и колку изнесувал најголемиот бакшиш што го земал во неговата кариера.

„Тоа беше многу одамна, во Вечани. Вечерта земавме околу 12.000 марки и околу 3.500 швајцарски франци“, раскажа Наум.

ФОТО: Наум Петрески / Фејсбук

Долги години плови во брак со извонредната пејачка Зуица Лазова, со која има две деца, синот Стефан и ќерката Македонка.

ФОТО: Наум Петрески / Фејсбук

Од првиот брак, Наум ја има ќерката Анастасија, која исто тргна по неговите стапки и со својот глас на големо ја освојува публиката.

ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтксирн

Но, поради пандемијата коронавирус светот запре и тоа на подолго време.
Сега живееме во ново нормално, во кое прегратката, веселбата, дружењето се забранети.

ФОТО: Наум Петрески / Фејсбук

Во Македонија се уште на сила се мерките донесени од Владата. Задолжително носење маска, одржување дистанца од 2 метри, забрана за групирање во отворен и затворен простор се сегашното нормално насекаде во светот.

Угостителските објекти повеќе од една година не работат нормално. По 21 часот мора да затворат, а не се дозволени никакви забави и свирки.

ФОТО: Наум Петрески / Фејсбук

Токму поради тоа пејачите останаа без никаков ангажман и немаат прилив на пари. Останаа само спомените на убавото време кога немаше епидемија, а ние можевме да уживаме со пријателите.

Една фотографија од порано буди убави спомени и предизвика бура на реакции. Фотографијата неодамна ја објави пејачката Силвана Крстовска, а на неа позираат Бади Бекир, Вики Среброва, Силвана Крстовска и секако во такво убаво друштво на русокоси е и пејачот Наум Петрески.

ФОТО: Силвана Крстовска/Фејсбук

Фотографијата потсетува на времето кога пејачите уживаа во дружбите после настап, за кои се вели дека се незаборавни.

Покрај вакви дами не може да биде досадно.

Пејачката Силвана вели дека оваа фотографија настанала пред 4-5 годии, во ресторан во кој настап имал Наум Петрески. Пејачките дошле да го поддржат својот колега, но и да уживаат во добрата музика. Преубава забава, смеење до солзи, дружба, едноставно прекрасна вечер која не се заборава, вели пејачката.

ФОТО: Наум Петрески / Фејсбук

Наум е еден од најгласните пејачи кои јавно се бунеше против мерките на Владата.
Тој преку статус на својот Фејсбук профил кажа дека нема да ги почитува повеќе мерките за спречување на ширењето на коронавирусот, па со таа негова објава педизвика многу реакции, но и доби поддршка од многу свои колеги.
„Од денеска јавно им кажувам на властите дека повеќе не седам во карантин заради нивната очигледна неспособност да се справи со обичен грип кој ни го наметнуваат како опасен. Опасен – да, за луѓето со попречен имунитет, е на тие луѓе ставете ги во карантин, а не за сите нас. Кој ли вас ве стави на власт????“ – напиша Петрески во април минатата година, но откако медиумите го објавија неговиот статус, истиот набргу го снема од неговиот Фејсбук профил.

ФОТО: Наум Петрески / Фејсбук

Со цел да им помогне на пејачите, Владата одлучи да им даде еднократна парична помош од 14.500 денари.
Ваквата одлука ги подели размислувањата на пејачите, некои одлучија да ги земат, а некои се откажаа.

Наум и покрај тоа што не е вработен и нема настапи, сепак, е еден од оние, како што вели самиот тој, кои не заслужуваат да добие помош од државата. И покрај што ги имал собрано сите документи и член е на ЗЕУМ, тој бил одбиен.

-Веројатно не заслужувам. Според нечии критериуми ниту сум добар пеач, ниту, пак, сум придонел за заслуга на државата. А можеби и политички не одговарам, изјави Наум.

ФОТО: Наум Петрески / Фејсбук

Угостителите, фотостудијата и музичарите пред три дена на протест во Скопје побараа да се укине забраната за работа на рестораните за свадби и други свечености и да работат по одредени протоколи. Тие се незадоволни од петтиот пакет антикризни мерки, во кој, како што изјавија, се заборавени од страна на Владата.

ФОТО: Наум Петрески / Фејсбук
ФОТО: Наум Петрески / Фејсбук

 

ФОТО: Наум Петрески / Фејсбук

 

ФОТО: Наум Петрески / Фејсбук

 

ФОТО: Наум Петрески / Фејсбук

 

ФОТО: Наум Петрески / Фејсбук

 

ФОТО: Наум Петрески / Фејсбук

 

ФОТО: Наум Петрески / Фејсбук
(Visited 227 times, 1 visits today)