Реклама
Вирално

Кога осомничениот за убиството на Вања ќе биде вратен во Македонија – шок детали за она што го направил!

Љупчо Палевски, осомничен за грабнување и убиство на Вања Ѓорчевска (14), вчера беше уапсен во Турција. Ако се докаже дека тој е организаторот и извршителот на ова монструозно дело, го чека доживотна робија...

Реклама

Како што откри министерот Оливер Спасовски, процедурата за екстрадиција е во рацете на министерството за правда.

Министерот Оливер Спасовски на вчерашната прес-конференција објави прва фотографија од уапсениот Љупчо Палевски осомничен како организатор во грабнувањето и убиството на Вања Ѓорчевска.

Првоосомничениот е уапсен во Турција по потерница издадена претходно од македонскиот Интерпол.

Маркетинг

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ги откри деталите за злочинот што го потресоа целиот регион

Спасовски изјави дека Палевски преку Србија и Бугарија преминал во Турција, каде што бил следен и уапсен.

Маркетинг

Фото: Принтскрин/ Социјални мрежи

Како што наведе тој, Палевски бил однесен со автомобил во Белград и оставен во хотел. Потоа со друг автомобил бил пренесен преку Бугарија во Турција, во градот Баликесир. Според сознанија на нашата полиција, а добиени од оперативен извор од лице место, осомничениот сакал да замине во Истанбул, каде што тргнал, па повторно се вратил. Најверојатно на овој начин сакал да го сокрие трагот, но уапсен е на улица во Баликесир.

Фото: Принтскрин/ Социјални мрежи

Министерот изјави дека процедурата за екстрадиционен притвор е во тек и сега е во рацете на министерството за правда, а потоа, откако осомничениот ќе биде вратен во Македонија ќе биде изнесено пред лицето на правдата.

Фото: МВР

„Правдата треба да биде брза и потполно спроведена“, изјави Спасовски на прес-конференцијата за новинари.

Министерот потоа зборувајќи за осомничените за грозоморното убиство на малата Вања и 74 годишниот Панче изјави дека се работи за малоумни, монструми и луѓе што не можат да се наречат луѓе.

„Испитуваме… Станува збор за малоумни, за монструми, за луѓе кои што не можат да се наречат луѓе, тоа е факт“, порача Спасовски.

Фото: Принтскрин/ Социјални мрежи

На прашањето дали 14-годишната Вања била задушена или починала од прострелна рана, министерот Спасовски рече дека се работи за прострелна рана.

„Точниот наод на обдукцијата ќе покаже, меѓутоа прострелна рана е во прашање“, кажа министерот.

Тој исто така кажа и дека телефонот на Вања е пронајден, но не откри на која локација, а за тоа дали е најден пиштолот со кој е пукано, министерот за внатрешни работи рече дека се најдени два пиштола во Скопје кои треба да се вештачат за да се утврди дали е тоа оружјето со кое е убиено девојчето.

Инаку, постапката за екстрадиција на Палевски нема да се одолговлекува, туку ќе биде експресна и уште од денес ќе започне процедурата.

Како што истакна министерот за правда Кренар Лога за Скопје 1 процедурата ќе биде забрзана.

Фото: МВР

Таа се одвива така што МВР најпрво известува дека лицето е лоцирано, потоа се комплетира документацијата, се преведува на јазикот на земјата во која што се наоѓа лицето (турски), а потоа се доставува.

Потсетуваме, во текот на вчерашниот ден на лицата Влатко Кешишев, Велибор Манев и Боре Видовски, обвинети за киднапирање и убиство на Вања Ѓорчевска (14), им беше изречен триесетдневен притвор.

Оваа мерка му беше изречена и на таткото на убиената девојка, обвинет дека на првоосомничениот му давал информации за движењето на својата ќерка.

Во текот на истиот ден се дозна дека и првоосомничениот, Љупчо Палевски Палчо, е уапсен во Турција, каде беше во бегство.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button