Кога оваа Албанка ќе се прошета низ центарот на Скопје, сите ВООДУШЕВЕНИ од нејзината убавина се вртат по неа!
Популарната албанска пејачка во најжешко издание досега.
Каде и да се појави, со својот изглед Аделина Тахири не остава никого рамнодушен.
Таа едноставно изгледа совршено и без маана, а сега во тесен комбинизон со длабоко деколте ги истакна своите атрибути.
Дизајниран црн комбинизон со сребрени детали на деколтето и кратко палто-болеро исто така богато украсено со сребрени циркони, обетки во иста нијанса, совршена фризура и шминка, Аделина заедно со својот сопруг ја дочека новата година.
Двајцата отпатуваа во Белград во еден луксузен хотел каде престојуваа и ја дочекаа новата 2022 година, а заслужна за забавата беше популарната Александра Пријовиќ.
Убавата Аделина позираше во прегратките на својот сопруг Сержоја Марков кој очигледно е маѓепсан од нејзината убавина и лудо вљубен во неа.
Аделина важи за една од оние кои живеат и го обожаваат луксузот и брендираната облека.
Често може да се види во брендирана облека, скапоцен накит, луксузни автомобили и скапи чанти.
Се чини дека убавината во семејството на Аделина е наследна.
Во последно време таа често објавува фотографии со својата помала сестра која изгледа како нејзина двојничка.
Диана Тахири е русокоса девојка со светли очи, како и Аделина, и е вистинска убавица.
Диана е буквално нејзина двојничка, а неретко носат и исти парчиња гардероба и накит.