Овие четири хороскопски знаци се најголеми злопамтила.
Раковите се големи емотивци. Кога еднаш ќе ги повредите, не очекувајте прошка или заборав. Ним извадавањето толку ги боли што едноставно не можат самите на себе да си дозволат повторно да ризикуваат и уште еднаш да останат повредени.
Шкорпиите се луѓе кои страствено сакаат.Ако некој ги повреди или издаде, тие таа личност едноставно ја бришат од животот и неверојатно добро се однесуваат како да не постои.
На Јарците кога некој ќе им направи нешто неубаво, тие едноставно се повлекуваат без конфликт и ѝ ја затвораат вратата на таа личност, поради стравот дека истата работа може да се повтори.
Овните се исклучително горди луѓе на кои им е “под чест“ да им дадат втора прилика на оние кои ги повредиле. Тие не сакаат на сите да им покажуваат колку се ранливи и емоционални, па ако еднаш ги издадете, не очекувајте лесно смирување, бидејќи тие никогаш нема да го заборават она што сте го направиле.