Кобен хируршки зафат или лекарска грешка: Младата манекенка почина два часа по операцијата
Тажна вест доаѓа од светот на модата – два часа по операција почина младата моделка и инфлуенсерка Луана Андраде.
Таа правела липосукција на коленото, операција која не би требало да заврши трагично, но не е прв пат да стасуваат тажни вести од странство за млади луѓе кои прифаќаат секакви операции во приватни установи.
Операцијата, како што јавуваат американските медиуми била прекината и пациентката веднаш била детално прегледана по што е откриена тромбоза.
Манекенката е префрлена на интензивна нега, каде ѝ бил извршен неопходниот медицински третман, но таа сепак не успеала да се избори со компликацијата која се случила само два часа по операцијата.
МаркетингView this post on Instagram
Луана била прогласена за мртва вчера, а официјалната причина за смртта беше наведена како белодробна емболија.
„Скршен сум и го живеам мојот најлош кошмар. Еден дел од мене ме напушти“, напиша нејзиното момче Жоао Хадад на Инстаграм.
Британскиот портал „Дејли мејл“ објави дека девојката имала само дваесет и две години, а починала во болница во Сао Паоло. Операцијата ја извршил приватен лекар ангажиран од нејзиното семејство.
И болницата „Сао Луиз“, потврдила дека манекенката два и пол часа по операцијата доживеала срцев удар.