Клои Кардашијан донесе „вистински“ единорог на првиот роденден на ќерката? Хм …

Познато е дека  Кардашијанките сакаат да ги прослават родендените на висок стил, но Клои се надмина себеси со забавата што ја направи за првиот роденден на нејзината ќерка.

Кардашијанката очигледно не штедела за прославата на првиот роденден на својата ќерка Тру.

ADVERTISEMENT

Забавата изгледала како сцена од бајка, со понија кои изгледале како еднорози, еден куп шарени балони и благи работи од сите видови, па дури и вештачки чад.

Клои и малата Тру носеле дизајнерски свилени тоалети во иста боја, а на прославата бил и Тристан Томпсон, таткото на малата Тру, кој Клои го остави откако се откри дека ја изневерува. На прославата биле речиси сите сестри Кардашијан-Џенер и нивните деца. Отсуствувала само Кендал, која, како што пренесуваат американските медиуми, била видена на популарниот фестивал „Coachella“.

Најголема атракција на забавата на отворено беше розово-белиот еднорог кој малото девојче го јаваше.

 

Facebook Comments
(Visited 1.876 times, 1 visits today)