Кијану Ривс нападнат пред камерите од преслатки кученца

Кијану Ривс, познатиот актер и главен лик и во новото продолжение на филмот „John Wick 3 – Parabellum“, беше повикан да одговори на некои прашања што му ги поставувија следбениците на социјалните мрежи.

Она што е особено интересно во ова интервју е дека тој беше опкружен со кученца од локално засолниште, кои  понекогаш му го одвлекуваа вниманието, но на посебен начин.

ADVERTISEMENT

И додека одговараше на прашањата, тој мораше да ги смирува кученцата. Но искусниот актер го направи тоа како да е дел од интервјуто. Веруваме дека тој уживаше цело време, и дека таквото интервју беше едно од најскапоцените во неговиот живот. Кученцата лаеа околу него, играа, а едно од нив се обидуваше да му ги јаде врвките од  чевлите, но на Кијану тоа не му пречеше.

Facebook Comments
(Visited 45 times, 1 visits today)