Кит убиец чуван во заробеништво 53 години конечно ќе биде пуштен на слобода

Кит кој 50 години живеел во аквариум во Мајами ќе биде вратен во ихиот Океан, окако нејзиниот сопственик, Колтс Џим Ирсеј се сожалил на неа.
Лолита Орка, која е позната и како Токитае, била заробена во близина на брегот на Вашингтон во 1970 година. Поголемиот дел од својот живот живеела во морскиот аквариум во Мајами, но сега и тоа ќе се промени
The Seaquarium, непрофитната организација Friends of Lolita и Irsay објавиле на прес-конференција во вторникот дека се надеваат дека ќе ја вратат Лолита во водите на океанот.
Орката нема само да биде пуштена во океанот, туку првично ќе биде сместена во чиста, длабока вода, каде ќе ги слуша и другите орки во областа.

Претсавници на индијанско племе, Washington’s Lummi Nation, допатувале во Мајами во 2018 година со цел да го вратат китот назад во Вашингтон.
Џевел Џејмс, член на племето, го обвини Seaquarium дека ги занемарил потребите на животното за пари, принудувајќи го да настапува пред публиката неколку пати на ден, а истакнал и дека да се чува таков кит во базен од 20 метри е исто како да се чува во затворска ќелија.
„Ја сакаме назад“, рече тој.

Сепак, британски колумбиски експерт за цицачи не е толку сигурен дека најдобриот потег за Лолита е да се тргне од аквариумот.
„Мислам дека ова би можело да биде многу сурово и нехумано нешто“, изјави за CBC директорот на Единицата за истражување на морски цицачи на Универзитетот во BC, Ендрју Тритс. „Лолита не е млад кит.Таа е веќе возраасна, постјано се дружеше со луѓе и не е прилагодена за живот во дивина“.

Лолита е најстариот кит во заробеништво и има 56 години. Во просек, оние кои се во заробеништво живеат само до околу 45 години. Дивите орки можат да живеат до 80 години.
Таа престана да настапува минатата година откако ѝ се влошила зравствената состојба.

Во раните 2000-ти, кит по име Кеико бил пуштен назад во океанот, но умрел една година подоцна откако не се вклопил со другите китови, дури и откако се навикнал на неговото природно живеалиште.
Фаќањето орки беше легално во 1970-тите, но по серијата протести поради ловците кои ги одземаа младенчињата од мајките, Вашингтон ја забрани оваа практика.

ФОТО: Принтскрин