Ким Кардашијан има нова фризура која оваа есен ќе биде хит

Најпознатата старлета на светот за почетокот на есента реши да направи мала промена во нејзиниот имиџ.

Ким Кардашијан во првите есенски денови зачекори со нова фризура. По ултра краткиот боб кој го носеше во темнокафеава, скоро црна боја, старлетата сега има значително подолга фризура и посветла нијанса. Таа црната боја ја замени со чоколадно кафеава нијанса, а краткиот боб го надогради со екстензии со должина до градите.

ADVERTISEMENT

Главен виновник за оваа нејзина фризура е познатиот фризер Крис Аплтон кој е заслужен за фризурите на Џенифер Лопез, Кејти Пери и Аријана Гранде. Тој на својот Инстаграм објави фотографија на која Ким позира со значително подолга и посветла коса и ги воодушеви сите.

Ваквиот суптилен „бајалаж“ како на Ким Кардашијан е одличен избор доколку решите да ја осветлите вашата коса, и без да направите драстични промени да го освежите вашиот изглед. Професионалците велат дека оваа фризура воедно е и многу едноставна за одржување, бидејќи поради минималните разлики израстокот речиси и да не се гледа.

Па, дали ви се допаѓа новото издание на Ким?

Facebook Comments
(Visited 164 times, 1 visits today)