Келнер по грешка му наточи на гостин вино од 4 500 фунти – еве што му направија

Еден гостин во елитен ресторан во Манчестер, беше послужен по гршка со ретко црвено вино во вредност од 4 500 фунти, објави Би-Би-Си.

Ресторанот Хоксмур Манчестер на Твитер објави дека се надеваат дека гостинот ужива во вечерта, откако келнерот по грешка ствил вино „Chateau le Pin Pomerola“ од 2001 година.

ADVERTISEMENT

Ресторанот не го казни келнерот и му ја прости скапата грешка. Напишаа дека таквите грешки се случуваат.

Ресторанот доби пофалби на социјалните мрежи од своите фанови, бидејќи не го казни келнерот.

Според онлајн водичот на култни вина, станува збор за вино од кое се произведени само 500 шишиња. Виното е опишан како пијалак со извонреден вкус, што резултира со длабока црвено-виолетова боја проследена со извонредниот мирис на цреша, слива, слатка корен, карамела …

Не е познато дали и по која цена било наплатено виното што го добил по грешка гостинот.

Facebook Comments
(Visited 142 times, 8 visits today)