Наши ѕвезди
Каролина Гочева со ова провокативно издание никого не остави РАМНОДУШЕН – никогаш не изгледала поубаво (фото)
Реклама
После долг период без настапи, конечно почнаа да се организираат и концерти и настани на отворено.
Една од најпознатите пејачки во Македонија, Каролина Гочева по настапот во Струмица, викендов настапи и во Скопје.
Маркетинг
Скопјани имаа привилегија да уживаат во нејзиниот глас и стас.
Каролина или како што многумина ја нарекуваат „Македонското девојче“ од ден во ден изгледа се поубаво.
Облечена во црни панталони и црна маичка на риги со чипкани детали и длабоко деколте Каролина едноставно зрачеше на сцена.
Иако со текот на годините на македонската сцена се појавија многу нови имиња, Каролина остана една и единствена, пејачка на која секоја песна и е хит.
Маркетинг
Каролина Гочева го имаше својот прв забележителен настап на десетгодишна возраст на детскиот фестивал „Си-До“ во Битола и на фестивалот Макфест во 1991 во Штип со песната „Мамо, пушти ме“.
На почетокот на нејзината кариера, таа настапуваше на голем број домашни фестивали за промовирање на нејзиниот талент и нејзината кариера.
Двапати ја претставуваше Македонија на Евровизија, а во 2002 година е избрана за мис Евровизија.
Каролина во 2017 се омажи за познатиот уметник Михаил Корубин, а свадбата беше организирана на уникатна локација-Аеродромот Стенковец.
Во неколку наврати таа зборуваше дека двајцата уметници функционираат одлично и дека двајцата имаат флексибилно работно време и може да одлучат кога ќе одмараат или кога ќе работат.
Сепак според објавите на социјалните мрежи евидентно е дека и двајцата уживаат во бракот.
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .