Карлеуша со ова издание ја надмина и Ким Кардашијан – ова е НАЈЗАБЕГАНИОТ скафандер што сме го виделе досега
Го носеше на улица, минувачите во шок
Карлеуша повторно покажа зошто важи за најконтроверзната, но и најсмелата ѕвезда на Балканот.
Пејачката во последно време не престанува да ги шокира фановите со своите модни изданија.
Таа заради својот контроверзен и провокативен стил не ретко доаѓа во конфликт со колегите во шоуто „Ѕвездите на Гранд“, каде е дел од жирит. Но овој пат таа реши да ги изненади своите фанови на социјалните мрежи, и повторно нарави таков хаос за кој со денови ќе се зборува.
Имено контроверзната пејачка позираше во чудна креација, можеби најлудото нешто во што сме ја виделе досега, кое најверојатно треба да претставува дел од некаков чуден скафандер, но во кој не само што нема да ви биде топло, туку со него нема да смеете да се појавите ни на социјалните мрежи, освен можеби на оние за запознавање…
Но Карлеуша како Карлеуша, го облече ова чудо и позираше на улица, па можеме само да замислиме како им беше на минувачите што во тој момент се нашле на истото место и што ја виделе во вакво издание.
Ова секако дека не е ни првото, но последно необично издание на поп дивата, а некои од нив, за кои исто така долго време се зборуваше, погледнете во продолжение.