Карлеуша остана со зината уста откако запеа нашиот Александар – „Македонија треба да те заштити со закон„ – тетката во солзи

Охриѓанецот го освои жирито на „Ѕвездите на Гранд“.
Во последната емисија во Ѕвездите на Гранд во центарот на вниманието беше Македонецот Александар Јосифовски од Охрид. Откако покажа како знае тој да пее, ги собра сите позитивни коментари дури и од најголемите критичари на жирито.
Александар Јосифовски од Охрид кој е под менторство на Ѓорѓе Давид се најде во дуел со Тарик Јашар од Сараево.
Охриѓанецот се престави со песните „Обрати пежања“ и „Тешке боје“.
Тој ги освои сите пет гласа од жирито.
„ Би било неправедно да добиете еднаков број на гласови. Разликата е очигледна и ми е чудно што Тарик има и 4 гласа. Но, изгледаш како да слеговте од некоја убава, детска бајка, на оваа сцена каде сè не е само бајка. Песните ти беа ниски. Кандидат број два, супер, верувам во тоа што го пееш, оди напред“, прокоментира Марија.
Исто така и Карлеуша не остана скромна со коментарите кон нашиот натпреварувач.
„Тетке, ти можеш заедно да со Александар да си одиш во Македонија, Шведска, Охрид каде и да сакате, што се однесува до мене тој не мора да се натпреварува. Овој дечко треба со закон да се заштити“, изјави Јелена.
„Ти си толку оригинален Александре, се согласувам дека си за финале“, изјави Вики.
Од позитивните критики кој ги доби Александар неговата тетка не можеше да ги сокрие солзите, таа навистина беше горда тетка на својот внук.
За потсетување, до сега поради пандемијата со Ковид 19 учесниците од Македонија не беа дел од натпреварувањето на Ѕвездите на Гранд, но од сега тие се повторно дел од најголемото музичко натпреварување.
Бурно ќе ги следиме следните настапи на нашиот Александар, но и на другите македонски натпреварувачи.
Вие уживајте во најпопуларното музичко шоу на Балканот.