Реклама
Наши ѕвезди

Карлеуша го обожаваше, а сега и Цеца воодушевена од неговата појава – македонската „Гранд ѕвезда“ никого не остави рамнодушен!

Реклама

Младиот охриѓанец се појави повторно во „Ѕвездите на Гранд“ и ги воодушеви сите со својот настап.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Миленикот на Ѓорѓе Давид, Александар Јосифовски, ги воодушеви сите со својата неверојатна енергија во шоуто.

Тој настапи заедно со уште едно талентирано момче, Едис Агиќ, а Саша Поповиќ одлучи да направи преседан.

Маркетинг

Имено, тој пресуди и двајцата да заминат во следниот круг со што најмногу ги воодушеви нивните ментори, Ѓорѓе и Мили.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Марија Шерифовиќ се присети на настапите на Јосифовски од минатата година и изрази жалење што не успеа да стигне до финалето.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Имам некоја трема од минатата година и бескрајно ми е жал што испадна. Апелирам до тебе и на менторот истата грешка да не ви се случи и да стигнеш онаму каде што ти е местото“, му порача Шерифовиќ на Јосифовски, а Поповиќ делумно ја презеде вината на себе што пејачот од Македонија не стигна до самото финале во минатогодишното шоу.

Маркетинг
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Тоа до некаде е и моја грешка, бидејќи јас сум тој што одлучува во баражот. Можеше да оди во финалето, но јас сакав да биде се рамномерно, и рок и фолк во финалето“, изјави тој и им посака среќа на кандидатите.

Инаку, Александар се прослави со најдобрите рок нумери од просторите на поранешна Југославија што ги изведуваше на грандиозната сцена во популарното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Интересно е и тоа што и мајката на Александар е исто така пејачка, која пред сѐ му е најдобра пријателка и постојано го мотивира да се занимава со музика. Таа неколку години живее во Австралија, но откако тој се пријави во шоуто, цело време е со него и му даваше поддршка.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Во прашање е фолк-пејачката Елизабета Неданоска-Јосифовска која ја освои македонската публика уште во 1996 година со песната насловена како „Ем го мразам, ем посакувам“ со која настапи на фестивалот Тримери во Струмица.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Токму нејзина желба беше да се пријави во шоуто, а пејачот се согласи и не само што и’ ја исполни желбата, туку и ја воодушеви со својот успех.

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button