Наши ѕвезди

Карлеуша во ова издание изгледа поприлично селски, и тоа во облека која просечен Македонец не може ни за две години да ја исплати

Advertisement

Нејзината пасија понекогаш навистина оди предалеку

Advertisement

Јелена Карлеуша дефинитивно важи за една од најголемите модни икони во регионот. Таа е позната трендсетерка која не само што ги следи светските трендови, туку знае и да ги носи па и ги создава, а тоа го имаат забележано и светските модни магазини кои досега неколку пати пишуваа за неа, и тоа најчесто споредувајќи ја со Ким Кардашијан.

Но таа дефинитивно некои трендови ги прави со поприлично доста кич и помешано до невкус, а така беше и неодамна кога пред белградскиот суд се појави облечена како за на модна ревија, а не за во судница.

Advertisement

Имено, таа носеше парчиња од престижниот бренд Фенди од глава до пети, определувајќи се за кус фустан и чизми кои се целосно исшарани со лого на италијански бренд.

Но ако за нејзината комбинација можеме да кажеме дека вреска од кич, нејзината ташничка дефинитивно е нешто што секоја жена би сакала да го има. Имено, во прашање е култниот модел од Диор со големо, впечатливо лого, а за кој пејачката издвоила цели 3250 долари.

И ако на оваа сума ја додадеме цената на чизмите од 990 долари, потоа цената на фустанот од 1.700 долари, и капутот кој исто така би чинел минимум 1000 долари, ќе дојдеме до сума од преку 7000 илјади долари, што еден просечен Балканец не може да ги заработи ни за две години.

Токму и затоа овој тренд да се носи брендирана облека со логоата на познатите брендови во најмала рака е невкусен, и изгледа поприлично селски, особено во држава во која повеќето се на работ на егзистенција.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button