Камчева без градник и во чизми од „милион долари“

Познатата трендсетерка очигледно добро се снаоѓа и во модните води, а тоа можеме да го видиме и од ова шик издание.

Принтскрин

Имено, на социјалните мрежи налетавме на фотографија на која Ана Камчева позира во друштво на познатиот македонски моден дизајнер Игор Марков, а во центарот на вниманието се нејзините опасни високи чизми.

Во прашање се чизми кои веќе неколку сезони ги гледаме на улиците на водечките европски метрополи, а кои полека ги освојуваат и нашите познати дами. Поради металниот златен сјај овие чизмички се омилени меѓу street-style кралиците на кои не им недостига желба за провокација, а очигледно и згодната Камчева е една од нив. Имено, таа избра романтично и женствено издание, кое воедно е и мошне провокативно, посебно заради нејзиното деколте.

Трендовскиот фустан го усклади со опасни, високи златни чизми, а целото издание го подигна со кармин во страсна црвена боја и големи златни обетки.

Приватна архива

Овој моден додаток го подига стајлингот, но во исто време го става и фокусот на себе. И навистина, во прашање е одважен детаљ, но со кој дефинитивно се исплаќа да си поиграте, особено сега, кога слични модели можат да се најдат речиси секаде оваа сезона. Тоа дека се хит сведочат и профилите на главните трендсетерки кои деновиве шеруваат на социјалните мрежи фотографии со своите нови чизми, а како изгледаат погледнете во продолжение.

Мари Вон Беренс низ Париз во Chanel Laminated Lambskin (Photo via Instagram)
Наусен Сах во Chanel High Boots Laminated Lambskin & Patent Calfskin (Photo via @moeez)
Линда Тол во Chanel Crocodile Embossed Metallic Calfskin high boots

Без разлика од кој бренд ќе изберете, ако е добар тој ќе изгледа како најскапоценото парче што го поседувате.

Рики Крефтинг во Zara Metallic Kitten Heel Boots

Важно е само да изберете должина и вид на штикли.

Ксенија Адонтс во Saint Laurent Kiki metallic leather over-the-knee boots

Па еве и неколку модели за кои модните куќи велат дека се ИН, а ние дефинитивно се согласуваме со нив.

PARIS TEXAS

SAINT LAURENT

ALEXANDRE VAUTHIER

CHRISTIAN LOUBOUTIN

JIMMY CHOO

PARIS TEXAS

 

(Visited 9.789 times, 1 visits today)