Калиопи на „Широк Сокак“ во друштво на уште една голема ѕвезда, фотографија што ја воодушеви цела Македонија!

Двата најдобри вокали на сите времиња, заедно, на едно место.
Фотографијата ги воодушеви сите.

Двете се сопственички на најголемите хитови испеани некогаш во земјава.

Двете зад себе имаат импозантна кариера по која тежнее секој музичар.

Калиопи е доста позната на екс-југословенските простори каде врвот на кариерата го достигна во осумдесетите. Во Македонија важи за вонсериски уметник од светски калибар, кој покрај извонредните вокални способности во рамките на поп музиката, изведува и компонира музика за филм, театар и балет.

Фото: Инстаграм / Калиопи

Може да се пофали со голем број на хитови, многу концерти со преполни сали и настапи на врвни фестивали.

Деновиве таа ги поминива во Битола каде ужива во убавините кои ги нуди овој град.

На Инстаграм сподели фотографии од своите прошетки низ Широк Сокак.

Фото: Инстаграм / Калиопи

Она што сите ги воодушеви беше нејзината средба со пејачката Олгица Христовска

„Свирете ја зајди, зајди” е песната којс ја обележа кариерата на Христовска и која до ден денес ја пеат и новите, помлади генерации.

„Свирете ја зајди, зајди“ победи на „Макфест“ во 1992 година.

Фото: Инстаграм / Калиопи

Оваа песна е дело на Драган Вучиќ, кој почина минатата година кско последица од Ковид 19.

Калиопи и Олгица се сретнаа во Битола, а овој момент го овековечија со фотографија.

„Битола ноќе, со мојата Олгица. Луѓето секогаш влегуваат во твојот живот со некоја причина. Но само тие што влегуваат со вистинската причина и кои најискрено ти ги кажуваат работите што не сакаш да ги слушнеш, а ризикуваат да те загубат поради тоа, само тие остануваат во твојот живот засекогаш. Е тие луѓе ги нарекувам пријатели… се извинувам, нив ги викам семејство“, напиша Калиопи под фотографијата на која се прегрнати со Олгица.

Фото: Инстаграм / Калиопи

Фотографијата во рекордно време доби многу лајкови и реакции.

Оние кои ја познаваат и лично Калиопи, но и нејзината публика за неа имаат да ксжат сано пофални зборови. Позната е и по многуте хуманитарни гестови кои ги има направено, а со кои има помогнато на многу луѓе на кои им била потребна финансиска помош.

Фото: Инстаграм / Калиопи

Поради коронавирусот пејачите немаа музички ангажмани и никаков прилив на пари, па како и сите останати луѓе, времето мораа да го поминуваат дома, а некои беа принудени и да променат професија.

Калиопи во текот на карантинот се посвети на социјалните мрежи, па своите фанови ги радуваше со нови фотографии.

Фото: Инстаграм / Калиопи

И Калиопи која остана без настапи, олучи да се огласи на социјалните мрежи.

„Почитувана госпоѓо Корона, Ве молам напуштете го нашиот живот“, пишува Калиопи под фотографијата што ја објави на Инстаграм, а на која пуши цигара.

Фото: Инстаграм / Калиопи

Додека траеше вонредната состојба во Македонија и сите бевме во карантин, Калиопи деновите ги помина дома заедно со нејзиниот татко за кој посветено се грижеше.

Сега откако целата ситуација спласна, пејачката се труди да го искоридти максимално сонцето и секојдневно да излегува и да шета.

Фото: Инстаграм / Калиопи
Фото: Инстаграм / Калиопи
Фото: Инстаграм / Калиопи
Фото: Инстаграм / Калиопи
Фото: Инстаграм / Калиопи
Фото: Инстаграм / Калиопи
Фото: Инстаграм / Калиопи
Фото: Инстаграм / Калиопи
Фото: Инстаграм / Калиопи
Фото: Инстаграм / Калиопи
Фото: Инстаграм / Калиопи
Фото: Инстаграм / Калиопи
Фото: Инстаграм / Калиопи
Фото: Инстаграм / Калиопи
Фото: Инстаграм / Калиопи
Фото: Инстаграм / Калиопи
(Visited 206 times, 7 visits today)