Како струмичката Сандра Африка си купи стан во центарот на Скопје – познатата пејачка на 22 години заработи куп пари
Една од нашите најпознати фолк пејачки не престанува да ги изненадува своите фанови.
Струмичанката Стојне Николова (25) стана популарна откако најпрво се појави на бугарските телевизиски канали, а неодамна ја воодушеви нашата публика со својата изведба на македонските патриотски песни.
Таа важи за македонската Сандра Африка и е една од ретките пејачки од Македонија кои на нејзини години ја добила титулата кралица на македонската поп-фолк сцената.
Со пеење се занимава од тинејџерски години, а на 22 години успеа да заштеди пари и да купи стан во Скопје.
„Среќна сум што имам само 22 години и што без ничија помош успеав да си купам дом. Постојано имам настапи, па заради купувањето на станот не морав од ништо да се откажувам“ – изјави атрактивната струмичанка за дневниот весник „Вест“ пред неколку години.
Таа дефинитивно е една од ретките млади луѓе во Македонија која на свои 22 години купила стан во главниот град на републикава.
Досега има снимено неколку „пикантни“ фотосесии и видеоспотови, со својот шарм освојувајќи ја машката публика.
Во продолжение погледнете некои од нив:
Инаку, Стојне неодамна ја преработи песната на легендарната Васка Илиева, „Крушево абер пристигна”.
Аранжманот за преработката на песната е на Дамир Имери, а сценариото, режијата и специјалните видео ефекти за спотот ги изработи Даниел Јовески.
„Почитувани пријатели и фанови, чест ми е да Ви го претставам моето видео првенче за 2020. Крушево абер пристигна, маестралното дело на нашата легенда, доајенот на македонската народна музика – Васка Илиева. Песната буди силни емоции што значи маж во тело на жена бранејќи ја својата татковина. Се надевам дека ќе допре до сите Вас, како што допре до мене и целиот мој тим кој работеше на овој проект”, напиша тогаш на Фејсбук Стојне Николова.