Како го дозволила ова: Домаќинка критикувана за изгледот на нејзината фритеза – воопшто не ја чистела

Една жена беше мета на критики откако сподели трик за чистење на фритеза.
26-годишната Рајан откри дека својата фритеза ја користи повеќе пати неделно, но не ја чисти после секое користење.
За добро да ја исчисти фритезата, Рајан користи сода бикарбона, оцет и врела вода.
Илјадници корисници на социјалните мрежи не можеа да поверуваат дека таа воопшто не ја ни исплакнала фритезата пред да почне да се снима.
„Кога почнавме да живееме вака“, праша еден корисник.

Рајан неодамна објави видео од нејзината валкана фритеза и покажа како го чисти својот омилен кујнски апарат.
Таа призна дека не ја чистела фритезата пред да се снима со цел да ја покаже реалноста.
Ги извади фиоките на апаратот ја покажа нечистотијата која се собирала неколку недели.

Прво ги посипа фиоките со сода, потоа со оет и на крај истури врела вода.
Ова домашно средсво го остави неколку минути да делува и потоа течноста ја истури во мијалникот.
„О, боже“, се восхити таа од трансформацијата.
И покрај успешноста на нејзиниот три, Рајан доби критики за нечисттијата на апаратот.
„Зошто живеете вака“, гласи еден коментар.
Сепак, многу од коментарите се пофални зборови за трикот, а многумина открија и како тие се справуваат со нечистотијата.
