И срцето се гледа: Маж ја снимаше сопругата со термална камера додека таа го дои бебето – видеото ги воодушеви сите мајки

Патрик Тибитс со термална камера снимаше кратко видео на кое ја покажува топлина што се случува во градите на неговата сопруга Стефани додека ја дои нивната ќерка.

Тој ја користел оваа камера за деловни цели, и бидејќи добил нова за роденден, реши да ја проба и да и се израдува.

ADVERTISEMENT

„Го насочи апаратот кон мене и забележа неверојатен момент во кој се гледа топлина на оние места каде што минува млекото“, вели Стефани, а видеото на Патрик на интернет многу брзо стана вирално.

„За време на доењето температура на дојката може да се зголеми за два степени Целзиусови,” објаснува консултантката за доење Тера Кели Аман. Таа исто така предупреди и дека температурата на телото од 38,3 степени, па повеќе и градите кои се топли на допир, може да укажуваат на маститис или воспаление на градите што може да се случи за време на доењето, и кое, ако не се лекува на време, може да резултира со сериозни воспаление на ткивото на дојката, во кое ќе треба хируршка дренажа.

Facebook Comments
(Visited 3.466 times, 1 visits today)