И Саша Поповиќ од „Ѕвездите на Гранд“ позитивен – еве каде го фатил коронавирусот и кои симптоми ги има во овој момент!

Од оваа вест многумина непријатно се изненадија

Фото: Принтскрин

Натпреварувачот од моменталната сезона на популарното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, Александар Саша Поповиќ, е заразен со вирусот корона.

Пејачот веднаш се огласи преку социјалните мрежи и објасни каде се заразил.

Фото: Принтскрин

„Позитивен сум на Ковид-19. Драги мои пријатели, денес ми е потврдено присуството на вирусот! Многумина од вас веќе слушнаа, па за да не одговарам на поединечни пораки, ве известувам на овој начин! Претпоставувам дека сум се заразил на една свадбена веселба на 14 јуни, така што доколку сме имале контакт по тој датум, а чувствувате симптоми јавите се на инфективната клиника да се тестирате. Вирусот се уште не поминал, така што водете сметка и чувајте се! Јас се чувствувам добро, немам воспаление на градите, температурата ми помина, остана само кашлица! Посебен апел до колегите пејачи и музичари кои се во постојан контакт со луѓето, чувајте се колку можете!“ порача Поповиќ на својот Фејсбук!

Инаку, Саша не е единствениот во регионот од светот на естрадата што се заразил од оваа опака болест. Претходно беа заразени и Цеца и Вељко, кои деновиве добија негативни тестови откако поминаа две недели во изолација.

Фото: Инстаграм

Што се однесува до ситуација во Македонија, и кај нас имаме лица од естрадата кои прележаа корона, а тажната судбина на Драган Вучиќ, кој не успеа да ја добие битката со болеста, го потресе целиот регион.

Фото: Инстаграм

Пред два месеци и пејачката Пепи Димовска беше заразена со корона, а како што самата истакна, вирусот го добила додека била во Македонија. Таа по болеста за весникот Вечер откри како ги поминала деновите додека била болна, но и што најмногу и помогнало во лекувањето.

„Одвреме-навреме ќе испуштам солзи, прашувајќи се зошто мене ова да ми се случи? Но јас сум силна, позитивно размислувам, ќе го победам вирусот, кој не е стопроцентно смртоносен. Убедена сум дека ќе отворам шампањско и ќе славиме штом ќе оздравам. Така и ќе напишете во ВЕЧЕР – Пепи ја победи короната! И сакам задолжително да нагласам – јадете сланина, таа ги штити белите дробови!“, изјави таа откако ја победи тешката болест.

Фото: Фејсбук

Пепи болеста ја помина во Германија, каде што живее, во домашна самоизолација.

Facebook Comments
(Visited 2.869 times, 1 visits today)