И по една година венчаницата на Меган се уште е хит меѓу невестите

Канадската стилистка Џесика Мулронеј и пријателка на Меган Маркл беше заслужна за двата гламурозни фустани што ги носеше таа на својата венчавка која што милион гледачи ја следеа преку телевизиските екрани.

Згодната 39 годишна бринета со години беше стилистка на многу познати и богати Канаѓани (како изгледа видете на крајот од текстот), а како што се пишуваше, ја вовела и Меган во овие кругови и влијаела на нејзиниот дамски стил додека била актерка и била дел од холивудскиот живот.

ADVERTISEMENT

Пo гламурозната венчавка на Џесика и пристигаат деловни понуди од сите страни, па така неодамна на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм се пофали со фотографија од венчавката на Лаурен Тјернлунд и хокеј играчот Џејмс ван Римсдајк што се одржа во Бруклин.

Многумина забележаа дена невестата носи фустан кој е многу сличен на елегантната венчаница со потписот на Стела Макартни што го носеше војвотката од Сасекс, Меган Маркл, откако го кажа своето судбоносно „ДА“ во минималистичкиот фустан од Живанши.

Меган преубавиот фустан од познатата британска дизајнерка го носеше со елегантни чевли од нејзиниот омилен бренд Aquazzura во кој ѕвездата од серијата „Suits“ изгледаше како модерна принцеза.

Британската дизајнерка Стела Мекартни по големиот успех со венчаницата на Меган Маркл лансираше и колекција со невестински фустани меѓу кои се наоѓаше и фустанот по кој „полудеа“ невестите од целиот свет.

 

Facebook Comments
(Visited 47 times, 1 visits today)