И најпознатите сестри Македонки во костими за капење – „горат“ социјалните мрежи од ова издание на Тијана и Тамара
Двете сестри позгодни и поубави од било кога.
Популарните пејачки, сестрите Тамара и Тијана деновиве уживаат на плажа, а оттаму споделија и фотографии во бикини, а двете ослабени и згодни изгледаат како милион долари.
Неодамна Тијана објави фотографија на која ја покажа новата фигура, но и со променет стајлинг и долга коса (перика), издание во кое не сме навикнати да ја гледаме.
Имено таа ја покажа долгата коса врзана во опавче, но наместо во оваа промена речиси сите гледаа во нејзиниот рамен стомак и стомачни, а сега позираше во бикини и покажа дека навистина ослабела и изгледа прекрасно.
Тијана беше на диета со која успеа да симне вишокот килограми, па сега фановите и порачаа дека отишла во минус толку што ослабела.
Таа и порано зборуваше дека имала проблеми со тежината, а посебно за време на бременоста кога се здебелила 45 килограми пред породувањето имаше 115 килограми.
„Буквално носев уште едно лице во себе. Немав врат, а рацете ми беа како бутовите. Тогаш решив да преземам нешто во врска со тоа. Но почнав да слабеам дури откако сфатив дека на мене не ми треба никаква диета, туку да го променам начинот на живот. Ние жените имаме неверојатна блокада во главата кога ќе се спомне зборот диета.“
Истото го направи и нејзината помала сестра Тамара која објави фотографија додека лежи на лежалка на плажа.
Во преден план беа ставени бујните гр-ди, но и рамниот стомак.
Двете сестри не објавија заеднички фотографии, па не знаеме дали се заедно на летување, но Тамара сподели фотографија од малиот Дарен кој исто така уживаше на плажа, а со шапка на главата изгледа преслатко.
Тамара неодамна заедно со своите деца го прослави роденденот и ги дувнаа свеќичките и покажа дека наполни 36 години.