И Елена и Марјана го обожаваат овој моден тренд како и многу други Македонки – погледнете и кажете ни на која и стои поубаво?

Еве како нашите модни икони го носат еден од водечките летни трендови

Шеширите се враќаат во мода секоја летна сезона, а тоа можеме да го видиме и од бројните познати дами што обожаваат да ги носат во овој период од годината. На модната сцена се појавија токму благодарение на познатите манекенки, а овој тренд го обожаваат и Елена Стефановска и Марјана Станојковска кои се прошетаа со интересни модели.

Познатата водителка на емисијата Живот со стил на Инстаграм објави неколку фотографии на кои позира во преубави летни комбинации во „бохо“ стил, а не можеме да не го забележиме и шеширите кои и стојат одлично.

Фото: Инстаграм/ Елена Стефановска

Истото важи и за Марјана, која исто така обожава да ги носи, посебно кога е во костими за капење.

Фото: Инстаграм/ Елена Стефановска
Фото: Инстаграм/ Елена Стефановска
Фото: Инстаграм/ Елена Стефановска
Фото: Инстаграм/ Елена Стефановска

Иако сметаме дека и двете дами блескаат во своите летни изданија, не интересира и вашето мислење.

Фото: Инстаграм/ Марјана Станојковска
Фото: Инстаграм/ Марјана Станојковска
Фото: Инстаграм/ Марјана Станојковска

На која и стои подобро?

Фото: Инстаграм/ jacquemus

Колку поголем, толку помодерен!

Инаку, трендот со големи шешири започна минатото лето, кога Инстаграм го преплавија фотографии на кои жените дословно се кријат под предимензионираните шешири. Прва како тренд ги носеше Кајли Џенер, а потоа вакви слични модели почнаа да ги носат и најголемите регионални ѕвезди.

Фото: Инстаграм/ jacquemus

Имено, сламените шешири и оваа сезона важат за еден од најпопуларните модни додатоци. Се уште се хит моделите од модниот бренд „Jacquemus“ кои откако го извадија нивниот предимензиониран шешир од слама од колекцијата „La Bomba“ дословно ги преплавија социјалните мрежи.

Фото: Инстаграм/ jacquemus

Откако се појавија овие шешири не требаше да помине долго време за да го имате оној впечаток дека не пости светски позната трендсетерка која со него досега се нема сликано во костим за капење или во некој преубав летен фустан, а меѓу нив секако има и бројни дами од нашиот регион.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Јелена Карлеуша беше прва на овие простори која му се поклони на ваквиот тренд.

Познатата дива која ги диктира модните трендови уште минатата година со своите пpoвокативни фотографии од летувањата ги воодушеви следбениците. Посебно им се допаднаа оние фотографии на кои Јелена свето занесно тело го крие зад својот гоооолем сламен шешир.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Оваа година Карлеуша го „фураше“ споменатиот тренд и на фотографирање за магазинот „Стори“, каде позираше во костим за капење, а секој аутфит до дополни и со голем шешир во идентична боја.

Фото: Инстаграм/ Лепа Брена

По некое време и колешката на Карлеуша, Лепа Брена, покажа како го носи актуелниот тренд.

Фото: Инстаграм/ Лепа Брена

Имено пејачката која веќе месец дена се наоѓа на крстарење низ средоземното море, на една од своите последни фотографии на Инстаграм објави како ужива на палубата, додека на главата носи бел „оверсајз“ шешир.

Како да носиме сламен шешир, но кога НЕ сме на плажа?

Сламениот шешир е неизбежен во овој период од годината.

Фото: Инстаграм/ Елена Стефановска

Повеќето девојки го носат кога одат на плажа, но има и такви кои умеат да го искомбинираат и во други летни комбинации, за различни пригоди. Тоа можеме да го видиме и од фотографиите на бројни модни блогерки кои не уверуваат дека овој детаљ не е само за на плажа и дека со него можеме да изгледаме одлично и во многу други опуштени или елегантни летни комбинации.

Фото: Инстаграм/ Марјана Станојковска

Посебно ова лето сламениот шешир важи за еден од најголемите трендови, а можеме да го носиме со летни фустани, здолништа, големи блузи, шорцеви и кошули. Доаѓа во најразлични големини и облици, а доколку ви е потребна инспирација погледнете ги фотографиите што ви се дадени во продолжение.

Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
(Visited 210 times, 1 visits today)