И додека сите зборуваат дека се разведува од Игор, Северина му испрати роденденска честитка. Неговиот одговор ги изненади сите

По бројните шпекулации за разводот од Игор, по се изгледа дека Северина реши да им стави крај на таквите гласини.

Тие со месеци не се виделе, а гласините за нивниот крах во бракот не престануваат. Северина (48) се испокара со семејството Којиќ и од Белград замина во Загреб, и од тогаш во медиумите постојано можеме да прочитаме за нејзиниот однос кој е на лабави нозе со сопругот Игор Којиќ.

И нивните пријатели се убедени дека односот не им е најдобар, а пејачката пак покажа нешто што е потполно спротивно.

Игор го прослави 33-от роденден, а Северина на својот профил на социјалните мрежи објави заедничка фотографија.

Фото: Инстаграм/ Северина Којиќ

„На ова прекрасно машко суштество му посакувам среќен роденден. Среќно љубов моја“, му напиша Северина.

На нејзината честитка одговори Игор

„Велат дека годините на Исус се нејсреќни. Ти благодарам, љубов“, напиша тој под нејзината роденденска фотографија.

Инаку, Северина и пред само неколку дена ги изненади свпите фанови. Но тогаш не беше во прашање нејзиниот однос со Игор, туку фотографија на која позира во костим за капење, а во кој изгледаше феноменално, така што мнигумина го пофалија нејзиниот изглед.

Фото: Инстаграм/ Северина Којиќ

Во прашање е нежен, женствен модел со карнери во светла нијанса кој како да е стокмен само за нејзиното исончано тело.

Фото: Инстаграм/ Северина Којиќ

Она што исто така не можеше да помине незабележано е и нејзиниот затегнат стомак и зацврстени нозе, кои се резултат на напорното вежбање во теретана.

Фото: Инстаграм/ Северина Којиќ

Моделот на костим за капење со тантела и карнери изгледа романтично, па пејачката во него изгледа и сензуално и женствено во исто време.

Фото: Инстаграм/ Северина Којиќ

Таа објави и неколку фотографии од своите пријателки, а како изгледаат кога се заедно погледнете во продолжение.

Фото: Инстаграм/ Северина Којиќ
Фото: Инстаграм/ Северина Којиќ
Фото: Инстаграм/ Северина Којиќ
(Visited 392 times, 1 visits today)