И банкарот не трепка кога ќе ја види во вакво издание – омилените костими за капење на Лила Филиповска
Еве какови костими за капење носеше познатата водителка во изминативе неколку месеци
Неколку модели што се ИН за оваа сезона
Лила Филиповска покрај тоа што е една од најпознатите и омилените водителки, таа важи и за една од нашите најубаво облечени дами.
Таа внимава на секој детаљ кога е стилот и нејзиниот изглед во прашање, па затоа и на секоја своја објава изгледа феноменално.
Но и покрај својот феноменален стил, Лила често привлекува внимание и кога на себе нема ништо друго освен костим за капење.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Сепак, шармантната водителка внимава на секој детаљ и кога се во прашање нејзините изданија за на плажа, а најдобар доказ за тоа се бројните фотографии што таа ги објави.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Имено, таа беше една од првите наши познати дами кои отпловија на некоја лукс дестинација и се фоткаа во костими за капење.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Но покрај тоа што ја отвори сезоната на овие интересни летни фотосесии, Лила привлекуваше внимание и со моделите на костимите за капење што го носеше. Посебно што таа секогаш избира модели во кои многу дами би се чувствувале удобно и секси, нагласувајќи ги своите физички атрибути и комбинирајќи ги со интересни детали што може да го видите и на следните некоку фотографии.
Инстаграм/ Лила Филиповска
И што е најважно – таа во секое од овие свои изданија беше наоружана со она што ниту една дама не треба да го заборави кога ќе скокне во својот омилен костим за капење, а тоа се – насмевка и полн куфер самодоверба, а тоа Лила многу добро го знае.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Па, погледнете какви сé костими за капење носеше нашата Лила ова лето и побарајте инспирација за вашиот идеален модел.