Холивуд

Италијанскиот доктор шокиран од зборовите што му ги кажал Новак Ѓоковиќ кога му дал милион евра како донација

Advertisement

Италијанскиот лекар беше воодушевен од донацијата што ја доби од Новак Ѓоковиќ во износ од милион евра.

Advertisement

Во прашање е донацијата што Ѓоковиќ ја додели за болниците во епицентарот на корона вирусот во Италија. Овој лекар откри дека светскиот шампион го воодушевил со неговата голема хуманост, но и со зборовите што му ги кажал кога му го предал неговиот огромен подарок.

Имено, Питер Асембергс, шеф на болниците во западниот дел на Бергамо, прво откри дека Ѓоковиќ донирал „огромни суми“ за болниците Тревиглио, Караваџо и Романо во Ломбардија, кои се најмногу погодени од епидемијата во оваа земја со новиот корона вирусот.

Тој не ја прецизираше точната бројка што Ѓоковиќ ја донираше таму каде што помошта беше најпотребна. Подоцна беше прецизирано дека станува збор за сума од милион евра, а сега Асембергс откри што му кажал Ѓоковиќ кога го прашал дали сака да открие колку донирал:

Advertisement

„Признавам, бев шокиран во тој момент. Да, тоа е вистинскиот израз за тоа кога првиот светски тенисер на прашањето дали сака да објавиме колку многу ни даде, тој одговори: ‘Искрено, не ми е грижа дали сакате да го објавите тоа, а не мора и да се знае дека воопшто сум дал нешто, а камоли колку. Освен ако верувате дека со објавување на вакви информации ќе ја подигнете свеста и на другите потенцијални донатори да го сторат истото што го направив и јас’“.

Ѓоковиќ, кој веќе два пати ја импресионираше Италија, прво со тоа што воопшто и помогна на земјата, а потоа и кога се откри колку изнесуваше неговата помош. Тој сега повторно ги допре срцата на Италијанците.

Имено, скромниот одговор на Ѓоковиќ на прашањето на докторот кој ја прими неговата дарежлива донација беше пренесена со пофалби и благодарност од сите италијански медиуми.

Најдобриот светски тенисер навистина помогна таму каде што беше потребна помош. Италијанската провинција Ломбардија, поточно градот Бергамо од Вухан ја презеде несаканата титула на жариште на пандемијата на коронавирусот во светот.

Инаку, ова не е прв пат Ѓоковиќ да го покаже своето големо срце. Тој и помогна и на родната Србија со милион евра, во која исто така има вонредна состојба поради епидемијата на корона вирусот. Тој неодамна уплати и донација во Хрватска по земјотресот што го погоди Загреб.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button