Реклама
Вирално

Испливуваат нови детали околу монструозното убиство на малата Вања – ова посебно ги шокираше сите!

Цела Македонија e во шок по монструозното убиство на малата Вања и 74-годишниот Велешанец, Панче Ж.

Реклама

Постојано испливуваат нови информации, но и бројни шпекулации поврзани со убиството на малата Вања Ѓорчевска.

Јавноста е во шок откако беше откриено дека првоосомничениот за убиството на малото девојче, но и на 74 годишниот Панче Ж. од Велес, е Љупчо Палевски, лидерот на политичката партија „Десна“.

Станува збор за лице кое до пред да биде осомничен за овој монструозен злочин им беше познат на сите, но и на многу политичари.

Маркетинг

Од тука многумина се прашуваат зошто ова лице би извршил таков гнасен злочин над едно малолетно и беспомошно 14-годишно девојче, и тоа, наводно, во договор со нејзиниот татко (види тука) кој исто така е еден од притворените и осомничените лица.

Маркетинг
Фото: Фејсбук

Покрај ова многумина се прашуваат и како извршителите успеале без никој да ги забележи да ја грабнат Вања од центарот на градот. Како што вели новинарот Драган Павловиќ Латас за српскиот „Курир“, преку патот на зградата на само некои 40 метри се наоѓаат две камери од системот „Сејф сити“. Овие снимки не се достапни за јавноста, но не се достапни ни податоците што има на нив, па се поставува прашањето зошто и како полицијата не го забележала сомнителниот автомобил пред зградата во која што живеела жртвата и во која, како што откри министерот Оливер Спасовски, Вања била грабната.

Фото: Фејсбук

Недостатокот на овие одговори како и штурата изјава на обвинителството и МВР во врска со целиот случај оставаат простор за многу недоумици, а некои од овие нелогичности (види тука), придонесуваат во јавноста да се шират шпекулации, па и бројни невистини во врска со целиот случај.

Елементи на тероризам?

Од друг страна пак, професорката од Факултетот за безбедност, Фросина Ташевска Ременски, во интервју за „Гласот на Америка“ вели дека истрагата во врска со првоосомничениот Љупчо Палевски Палчо треба да се прошири бидејќи постојат елементи на тероризам во активностите што тој и неговата група ги правела. Тоа впрочем го посочи и Божидар Спасиќ, поранешен припадник на југословенската служба за Државна безбедност кој во интервју за „Блиц ТВ“ изјави дека во истрагата би требало да се вклучат и нашите органи за Државна безбедност бидејќи и во самото дело има елементи на тероризам.

Како што изјави Ременски во „Гласот на Америка“, според нејзини неофицијални информации, групата на Палчо имале многу поголеми планови. Таа напомена и некакви списоци за ликвидација кои наводно ги имала оваа група, како и списоци за изнуда, што значи дека ова е предизвик не само за полицијата, туку и на безбедносните служби. И главно прашање, како што вели Ременски во ова свое интервју, е зошто оваа група не била следена од безбедносните структури како би се спречиле нивните монструозни планови.

Еден од најстрашните детали

Но она што посебно е шокантно во целиот случај, а како што забележи и адвокатот Јанаки Митровски во подкастот на „Инфомакс“, е тоа што лицето што е посочено како извршител на ова злодело, од прво убиство до денот на грабнувања и убивањето на Вања, не само што слободно се шетал, туку и само еден ден по убиството на велешанецот Панче гостувал во подкаст на Јутјуб. Тој изгледа потполно ладнокрвно, како ништо да не се случило, па многумина со право се прашуваат како некој што убил човек само еден ден претходно може да се однесува толку мирно и сталожено, по еден таков чин?! Јанаки исто така го поставува прашањето дали на лицето што ладнокрвно ја убило Вања ова му е прво убиство, имајќи ја предвид монструозноста на самото дело.

Фото: МВР

Потсетуваме, Љупчо Палевски Палчо е уапсен во Турција и сега ќе се чека тој да биде испорачан на нашите органи. Македонија и Турција имаат потпишан билатерален договор за меѓусебна екстрадиција на лица обвините за кривични дела, а нашите служби експресно ги комплетираа документите за турските органи, така што имајќи ја во предвид тежината и монструозноста на делото со кое што е обвинет Палчо, голема е веројатноста тој брзо да биде испорачан.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button